ПРОДОЛЖИЈА НАТПРЕВАРИТЕ ВО МЛАДИНСКИТЕ ЛИГИ: Кумановци пеејќи од Скопје - КФСМ
29.01.2020

ПРОДОЛЖИЈА НАТПРЕВАРИТЕ ВО МЛАДИНСКИТЕ ЛИГИ: Кумановци пеејќи од Скопје

Во оние „повозрасни“ категории, на програмата беа натпреварите од 10. првенствено коло...

 

По пауза од скоро еден месец, овој викенд продолжија натпреварувањата во младинските лиги на КФСМ.

На програмата беше десеттото коло, во најголем дел од нив, и тоа во машка конкуренција.

Во онаа водечка лига, М-18, се одиграа три натпревари. А мало изненадување направија младите кошаркари на Куманово кои стигнаа до победа на гостувањето кај МЗТ Скопје Аеродром од (79:72).

Вардар ја оправда улогата на фаворит против Академија ФМП (97:77), а Работнички во дуелот со Чаир 2030 (89:46).

Одложен беше можеби и најинтересниот меч во ова коло, Феникс 2010 – Партизан ВС.  

* И во М-16 лигата, пријатно изненадија кошаркарите на Куманово. Две години помладите кошаркари во „сино-бела“ комбинација победија на гостувањето во „Кале“. Беа за четири поени подобри од Вардар (75:71), па сега се израмнија со бројот на бодови на првото место, заедно со екипата на МЗТ Скопје Аеродром. Екипа која без поголеми славеше победа над Феникс 2010 со (88:68), за 16.бода на табелата.

Во третиот меч од оваа конкуренција, Академија ФМП беше сигурна против Гостивар (82:46), додека вечерва играат Партизан Водно Санс и Работнички.

Победникот од овој меч ќе се искачи на позицијата број 1.

* Во М-15 лигата доста појасна слика околу тоа кои екипи ќе продолжат во втората фаза од натпреварувањето.

Потешко од предвидувањата Феникс 2010 ги победи Водњански Лисици (68:62), за потврда на првото место во групата „А“ заедно со екипата на Црн Дрим која со службен резултат го „доби“ Партизан ВС.

Во групата „Б“, Вардар, МВП Струмица и Дино Баскет се сигурни патници за вториот круг, додека Ангели, Академија ФМП и ТФТ ќе одлучуваат за четврттиот.

Во овој круг, Дино Баскет беше убедлив против ТФТ (66:40), додека пак МВП Струмица го доби мечот на свој терен со Ангели (61:54).

* Доста интересен расплет се очекува да биде и оној во М-14 лигата. Со оглед на тоа што неколку екипи конкурираат за пласман во завршниот дел од лигата.

Во групата „Исток“, доминира втората пријавена екипа на Вардар која го прегази Јуниор Баскет (95:29), а сигурен настап имаа и Водњански Лисици против Црн Дрим (73:41), како и МЗТ Скопје Аеродром во натпреварот со Пелистер во Битола (63:37).

Во западната група, Дино Баскет беше подобар од првиот тим на Вардар (74:62), а ФМП Академија без проблеми го совлада Гостивар (73:56).   

* Во онаа најмала возрасна категорија на кошаркари, М-13 лигата, се играше шестото коло. Односно два натпревари во кои Вардар беше доста подобар во однос на Карпош Соколи (64:42), а Баскет КАМ на гостувањето кај Академија ФМП (54:37).

Инаку, натпреварите во женска конкуренција, според календарот за натпреварување, ќе продолжат претстојниот викенд

РЕЗУЛТАТИ

М-18-МАЖИ- ПРВА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 10.КОЛО

Чаир 2030 – Работнички            46:89

МЗТ Скопје А – Куманово         72:79

Вардар – Академија ФМП         97:77

Феникс 2010 – Партизан ВС      одл.

ТАБЕЛА: Вардар 19, Феникс 2010 17 (-1), Партизан ВС 16 (-1), МЗТ Скопје 16, Куманово 13, Работнички 14, ФМП Академија 12, Чаир 2030 9;

ИДНО КОЛО (01.02)

Вардар – МЗТ Скопје 1

Работнички – Куманово

Академија ФМП – Феникс 2010

Партизан ВС – Чаир 2030

М-18-МАЖИ -ВТОРА ЛИГА-СКОПЈЕ

ТФТ – Академија ФМП   73:48

Шкупи – МЗТ Скопје А-2            30.01.

Квиско Баскет – Вибас    0:20сл.

ТАБЕЛА: ТФТ 18, Партизан ВС-2 14, МЗТ Скопје А-2 12, Академија ФМП 11, Шкупи 10, Вибас Баскет 10, Квиско Баскет 7;

ИДНО КОЛО (01.02)

ТФТ- Шкупи

Вибас Баскет – МЗТ Скопје А-2

Партизан ВС-2 – слободен

Академија ФМП – слободен

М-16-МАЖИ- ПРВА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО

Вардар – Куманово         71:75

ФМП Академија – Гостивар      82:46

МЗТ Скопје А – Феникс 2010    88:68

Партизан ВС – Работнички        29.01.

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје А 16, Куманово 16, Работнички 15, Партизан ВС 15, Вардар 15, Академија ФМП 12, Феникс 2010 10, Гостивар 9;

ИДНО КОЛО (01.02)

ФМП Академија – Вардар

Работнички – Куманово

Гостивар – МЗТ Скопје А.

Феникс 2010 – Партизан ВС

М-16-МАЖИ – ВТОРА ЛИГА-ИСТОК

РЕЗУЛТАТИ 10.КОЛО

Струмица – Шкупи           65:46

Кожув – Дино Баскет       одл.

ТАБЕЛА: МВП Струмица 15, Струмица 12, Шкупи 12, Дино Баскет 8, Кожув 6;

М-16-МАЖИ – ВТОРА ЛИГА-ЗАПАД

Пелистер – Борец Баскет           64:45

Еуро Никел 2005 – Чаир 2030  97:21

ТАБЕЛА: Еуро Никел 2005 18, Пелистер 15, Партизан ВС 14, Чаир 2030 12, Борец Баскет 10, Тетово Булс 8;

М-15-МАЖИ – ПРВА ЛИГА-ГРУПА А

РЕЗУЛТАТИ 10.КОЛО

В. Лисици – Феникс 2010          62:68

Црн Дрим – Партизан ВС           20:0сл.

Спарта – Работнички       0:20сл.

ТАБЕЛА: Работнички 16, Феникс 2010 15, Црн Дрим 15, В. Лисици 14, Партизан ВС 10, Спарта 9;  

М-15-МАЖИ-ПРВА ЛИГА-ГРУПА Б

ТФТ – Дино Баскет           40:66

МВП Струмица – Ангели            61:54

ФМП Академија – Пинк Пантери        29.01.

ТАБЕЛА: Вардар 16, МВП Струмица 15, Дино Баскет 13, Ангели 11, ТФТ 11, Академија ФМП 10, Пинк Пантери 8;

ИДНО КОЛО (01.02)

ТФТ – Вардар

Дино Баскет – МВП Струмица

ПОРАНО ОДИГРАНО

Ангели – Академија ФМП         91:77

М-14-МАЖИ – ГРУПА ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО

Вардар 2 – Јуниор Баскет          95:29

Пелистер – МЗТ Скопје А           37:63

В. Лисици – Црн Дрим    73:41

Пробаскет – Спортисимо          одл.

ТАБЕЛА: Вардар 2 16, В. Лисици 15, МЗТ Скопје А 13, Спортисимо 11, Црн Дрим 10, Пелистер 9, Јуниор Баскет 9, Пробаскет 7;

ИДНО КОЛО (01.02)

Вардар 2 - Пелистер

Црн Дрим – Јуниор баскет

МЗТ Скопје А – Пробаскет

Спортисимо  - В. Лисици

M-14-МАЖИ – ГРУПА ИСТОК

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО

ФМП Академија – Гостивар      73:56

Вардар 1 – Дино Баскет 62:74

Баскет КАМ – Ролинг 08 одл.

Куманово – Партизан ВС           одл.

ТАБЕЛА: Дино Баскет 15, Вардар-1 13, Партизан ВС 12, Академија ФМП 12, Гостивар 11, Куманово 9, Баскет КАМ 8, Ролинг 08 7;

ИДНО КОЛО (01.02)

Куманово – Академија ФМП

Дино Баскет- Гостивар

Ролинг 08 – Вардар 1

Баскет КАМ – Партизан ВС

М-13 – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 6.КОЛО

Вардар – Карпош Соколи          64:42

ФМП Академија – Баскет КАМ 37:54

Феникс 2010 – МВП Струмица одл.

Партизан ВС – МЗТ Скопје А     30.01.

ТАБЕЛА: Партизан ВС 8, Баскет КАМ 6, МЗТ Скопје А 6, Куманово 6, Карпош Соколи 6, Вардар 5, Феникс 2010 4, Црн Дрим 4, МВП Струмица 3, Академија ФМП 3, Ангели 2;

ИДНО КОЛО (01.02)

МВП Струмица – Партизан ВС

Карпош Соколи – Феникс 2010

Баскет КАМ – Вардар

Ангели – Академија ФМП

Куманово – Црн Дрим

МЗТ Скопје - слободен