Трета година по ред, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе се грижи за здравјето на играчите од машката и женска сениорска и младинска кошаркарска репрезентација на Македонија. На располагање на кошаркарите и кошаркарките е ставен целокупниот тим и капацитет на болницата со цел и следната сезона спортистите да го дадат својот максимум и да постигнат одлични спортски резултати.
По повод продолжувањето на успешната соработка, во посета на Премиум спортскиот центар беше претседателот на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ и репрезентативецот Дамјан Стојановски кои изразија благодарност до болницата и менаџментот за досегашната поддршка на репрезентативците.
„Чест и задоволство ни е да го обновиме договорот и да ја имаме „Аџибадем Систина“ како партнер на Кошаркарската федерација. Навистина е чест што имаме професионална медицинска поддршка од најдобриот бренд и благодарение на тоа обезбедуваме одлични подготовки на целиот тим. Благодарност и до целиот менаџмент и до нашиот голем пријател Јордан Камчев кој е поддржувач на македонскиот спорт “, изјави Перо Антиќ.
Д-р Борислав Илиев, специјалист по ортопедија, кој е делот од тимот задолжен за кошаркарите изјави дека и оваа година болницата ќе овозможи најдобри услови за следење и подготовка какви што заслужува секој професионален спортист.
„По две години успешна соработка во делот на подготовка и превенција на спортски повреди како и нивен третман, продолжуваме и понатаму да се грижиме за целокпуниот тим на Кошаркарската федерација. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ има најмодерен систем за спроведување на целокупниот нивен третман. Се надевам дека и во наредната година ќе се трудиме со сите наши капацитети, човечки ресурси и опрема да им пружиме максимални услови на нашите спортисти“, изјави д-р Илиев.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е официјален медицински спонзор на Македонската кошаркарска федерација од 2022 година. Спортските прегледи на репрезентативците се одвиваат во првиот најмодерен спортски центар Premium Sport Center во земјава, кој на едно место нуди комплетна интегрирана грижа за здрав живот – физикална медицина и рехабилитација, нутриција и во него работи докажен тим на доктори, физиотерапевти, доктор по спортска медицина, нутриционисти, професионални тренери и сертифицирани инструктори со долгогодишно искуство.