22.04.2025

22.04.2025

Продолжуваат натпреварувањата во сите лиги

По ставот на Судиската Организација при КФСМ, а донесена по одржан состанок на целокупното членство минатиот понеделник (15.04.2025г.), Кошаркарската Федерација сака да ја информира јавноста за следното:

По одржување на состанок минатата седмица, Судиската организација при КФСМ донесе одлука да го стави ‘бојкотот’ во мирување и да продолжат со редовен распоред натпреварувањата каде се подмирени долговите кон нив.

Во текот на оваа седмица, а согласно роковите од Судиската организација, КФСМ ќе ги комплетира долговите кон судиите, со исклучок на Првата МТЕЛ лига (мажи). Преостанатите шест неисплатени кола од ова натпреварување ќе бидат исплатени откако клубовите од оваа лига ќе ги исплатат своите долгувања кон КФСМ.

Клубовите од Првата МТЕЛ лига (мажи) заклучно со денес, 22.04.2025г., и должат на Федерацијата 2.721.000,00 денари по основ казни по издаден билтен и лиценци за странски играчи.

За потсетување, Раководството на КФСМ неколку пати одржа состаноци со претставниците на клубовите од Првата МТЕЛ лига (мажи) каде беше унифициран ставот дека во моментов, како и останатите спортски клубови во државата, не се во можност да ги подмират своите долгови поради неисплатените финансиски субвенции од соодветниот надлежен орган, со најава дека веднаш по реализирање на истите ќе бидат подмирени нивните долгувања.

Во очекување на исплатата на државните субвенции, а во интерес на кошарката, соодветните канцеларии за натпреварување при КФСМ, за младински и за сениорски лиги, ќе извршат делегирање на натпреварите за тековната седмица за продолжување на првенството.