Следејќи го развојот на ситуацијата коај ја предизвика коронавирусот на европскиот континент, Бордот на ФИБА Лигата на шампионите донесе одлучи за промени на форматот во натпреварите од плеј-офот и финалниот дел.
Со цел да го заштити високото ниво на натпреварување кое веќе егзистира во оваа сезона, и сакајќи најдобрите клубови од регуларниот дел бидат во најдобра можна „форма“, и бидат спремни за успех, одлучено е да се адаптира постоечкиот систем за натпреварување на ФИБА.
Согласно со тоа, плеј-оф натпреварите ќе се играат во групен формат, со четири екипи во една натпреварувачка група.
Првопласираните два тима од секоја од групите во регуларниот дел ќе се квалификуваат за новиот формат на плеј-офот. По завршувањето на првата, групна фаза од Лигата на Шампионите, со ждрепка ќе бидат одредени новите четири групи, со по четири екипи-учесници кои во текот на март, 2021 година ќе играат според системот „дома-гости“.
Овие 16. екипи ќе одиграат по шест натпревари според „Раунд-робин“системот (три мечеви дома, три мечеви на гости), а првопласираните две екипи од секоја група ќе се пласираат на завршниот турнир, односно „Фајнал-Ејт“ кој ќе се реализира во првата недела на мај.
Плеј-оф натпреварите ќе стартуваат на 2.односно 3. март, а комплетниот распоред ќе биде познат по официјалната ждрепка која ќе биде во февруари, наредната година.