18.07.2017 Турнирот на кој ќе земат учество нашите репрезентативни кадети доживеа мала промена откако дел од учесниците го откажаа своето учество. Националните селекции на Кувајт, ОАЕ и на Саудиска Арабија се повлекоа од учествување во овој меѓународен пријателски турнир кој од сабота ќе се одигра во Истанбул, а нивното место ќе го заземе екипата на Истанбул Баскет. Покрај нашата репрезентација и Истанбул Баскет на турнирот ќе учествуваат и Катар и Грузија. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ 22. јули МАКЕДОНИЈА - Грузија 23. јули Грузија - МАКЕДОНИЈА 24. јули Истанбул Баскет - МАКЕДОНИЈА 25. јули МАКЕДОНИЈА - Катар