18.09.2020

Бордот на ФИБА Европа одобри низа на измени кои носат поголема заштита на натпреварувачите од пандемијата КОВИД-19

Промени во форматот за сезоната 2020/21 во женското издание на Евролигата

Откако ја зеде предвид епидемиолошката состојба во Европа и се консултираше со засегнатите страни во натпреварувањето, Бордот на ФИБА Европа одобри измени на форматот за сезоната 2020-21 во Евролигата за жени.

Со цел да се заштити здравјето и да се гарантира безбедноста на играчите, тренерите и службениците, но и да се креира фер натпреварување и правилно да се организираат операциите, донесена е одлука за организирање на натпреварите со модифициран формат.

ФИБА Европа разви повеќе опции, кои потоа беа рзгледувани со клубовите и нивните национални федерации, пред да го одобри следниот формат и сите измени и дополнувања на регулативите на сезоната 2020-21 на Евролигата-жени:

-Квалификациите ќе се играат во еден „центар“ (HUB), со елиминациски мечеви, на 28 или 29 октомври;

-Редовната сезона ќе се игра според нов, пократок натпреварувачки систем - четири групи од четири клуба;

-Секоја од групите од редовната сезона да се игра во два одделни „центри“ (HUB), а секој клуб да игра три натпревариво еден „центар“ (HUB), или вкупно шест натпревари во регуларниот дел од сезоната;

-Првиот „центар“ (HUB) на редовната сезона ќе се одржи во периодот од 29. ноември до 5. декември, додека вториот „центар“(HUB) од редовната сезона е на програмата од 17. до 23. јануари 2021 година;

-Најдобрите два клуба од секоја од четирите групи во првата фаза, се пласираат во четвртфинале, а третопласираните тимови не се префрлаат во Еврокуп-жени, поради новите ограничувања во календарот;

-Четвртфиналето ќе се игра по два натпревари во едно место, „центар“(HUB), а победниците ќе се пласираат на „Фајнал-фор“;

-Натпреварите во четвртфиналето треба да се одржат од 14. до 20. март во 2021 година.

За да се приспособи на новиот формат на натпреварување, групите од осум клуба беа реформирани според барањата на ждрепката за жени во Евролигата.

Во рамките на постојните групи од осум екипи, клубовите од 1, 4, 5 и 8 беа рангирани заедно, а клубовите со 2, 3, 6 и 7 ќе се натпреваруваат едни против други.

Новите групи во Евролигата-жени за сезоната 2020/2021:

ГРУПА А: Динамо Курск (Русија), Надежда (Русија), Перфумеирас Авенида (Шпанија), Победник-квалификации-1

ГРУПА Б: УСК Прага (Чешка), Фенербахче (Турција), Асвел Феминин (Франција), Арка Гдиња (Полска)

ГРУПА Ц: Екатеринбург (Русија), Фамила Скио (Италија), ТТТ Рига (Летонија), Победник-квалификации-2

ГРУПА Д: Шопрон (Унгарија), Бурж Баскет (Франција-, Галатасарај (Турција), Баскет Ланд (Франција)