Менаџментот на Балканската лига ги информираше клубовите учесници во ова издание на регионалното натпреварување дека се направени неколку нови промени во календарот за натпреварување.
Поради неколку одложени мечеви, последниот помеѓу екипите на Куманово и на Ибар, во јануари и во февруари, 2021 година, ќе се игра по малку променет распоред.
Со главна забелешка дека сите натпревари од „балканската група“, но и онаа која се игра во Израел, треба да финишираат најдоцна до крајот на првата недела на февруари.
Потоа, првопласираните четири екипи од„балканската“ заедно со најдобрите две од „израелската“ ќе формираат нови две групи (по три екипи), во кои не може да играат екипи од една иста земја.
По одигрувањето на шесте меча во двете групи, односно втората фаза, која ќе се игра во периодот од 9.февруари до 7.април, првопласираните две екипи ќе играат на завршниот турнир кој е планирано да се игра во периодот од 16. од 18 април, 2021 година.
Во овој момент, екипата на ТФТ има одиграно осум натпревари во ова балканска конкуренција. Тимот од Тафталиџе има скор од две победи и шест порази.
Поради проблемите кои ги донесе корона вирусот, екипата на Куманово пак одигра двојно помалку натпревари, четири. Со половичен ефект, две победи и два порази.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ
5. ЈАНУАРИ: Куманово – Ибар
12. ЈАНУАРИ: Берое – Куманово
13. ЈАНУАРИ: ТФТ – Теодо
14. ЈАНУАРИ: Академик - Куманово
26. ЈАНУАРИ: Теодо – Куманово
27/28.ЈАНУАРИ: Ибар – Куманово ???
2. ФЕВРУАРИ: Куманово – Берое
3. ФЕВРУАРИ: ТФТ – Ибар