Земајќи го предвид здравјето и безбедноста на играчите, тренерите и службениците и следејќи ја препораката од Медицинската комисија и Комисијата за натпревари, Извршниот комитет донесе одлука во врска со квалификациите за ноември 2020, и февруари 2021 година за континенталните купови како што следува:
-Сите натпревари во двата „прозорци“ треба да се спроведуваат во т.н. „меури“ ("bubbles"), наместо на домашни или на гостински терени, со согласност на органите за јавно здравје на домаќинот и во согласност со здравствените протоколи на ФИБА (вклучително и тестирање на PCR и контролиран влез во безбедна средина во натпреварувачки град);
-Секој „меур“ ("bubbles") ќе се состои од четири или осум екипи (една или две квалификациски групи). Домаќините ќе бидат одредени на регионално ниво и ќе бидат објавени во догледно време.
ФИБА ќе продолжи да ја следи ситуацијата со КОВИД-19 на дневна основа и да комуницира со нови ажурирања во врска со натпреварите на ФИБА кога е потребно.
Ова би требало да значи дека наредните натпревари на нашите сениорски селекции во квалификациите за Евробаскетот 2021 година, ќе ги одиграме турнирски, на домашен терен, но, или на теренот на некоја од противничките селекции.
Кај машкиот сегмент, тоа се репрезентациите на Италија и Естонија, зејмите каде нашиот национален тим треба(ше) да гостува во ноемврискиот прозорец на ФИБА. Прво на 27. ноември во Италија, а потоа и на 30. ноември во Естонија.
Или пак евентуално Русија, репрезентација која на 18.февруари, 2021 година ја пречекуваме во оној февруарски „прозорец“ на ФИБА.
Што се однесува за оној женски дел од квалификациите за Евробаскетот 2021, согласност со календарот, нашата женска сениорска репрезентација во ноември ја чекаат дуели со селекциите на Хрватска (гости), на 12.ноември, и на Германија (дома), 15.ноември, додека во февруарскиот, наредната година, следуваат уште два натпревари. Мечот на гостински терен, против селекцијата на Летонија, на 4.февруари, како и оној на 7.февруари, 2021 кога сме домаќини на репрезентацијата на Хрватска.