Во текот на наредната недела ФИБА планира да направи значајни промени во системот за натпеварување во Лигата на Шампионите.
Според најавите од Минхен, предвидено е квалификациите за место во најквалитетното натпреварување кое го организира европскиот дел на ФИБА, да се реализираат според турнирски систем.
Со оглед на тоа дека во квалификацискиот дел има осум натпреварувачки двојки, односно 16. пријавени клубови, ФИБА планира одигрување на четири турнири кои би имале четири градови-домаќини.
Во еден класичен формат, со одигрување на два полуфинални натпревари (дома-гости), и финале по кое победникот обезбедува место во групната фаза од Лигата на Шампиони.
Секако, се со една цел, максимално да се испочитуваат сите здравствени протоколи и заштита од пандемијата предизвикана од присуството на Ковид-19.
Во оваа фаза од натпреварите вклучени се:
Балкан-Цмоки Минск
Лондон Лајонс-Нептунас
Игокеа-Клуж Напока
Спортинг-Фрибург Олимпик
Ираклис-Керавнос
Дњипро–Донар Гронинген
Хапоел Тел Авив–Бакен Беарс
Монс–Анвил Влоцлавек