Во рамки на најмасовниот средношколски фестивал „Конект“ здружението за промоција на баскет во Македонија „3х3Macedonia“ ќе организира турнир за кошаркари до 18 години, прв од ваков тип кој ќе биде FIBA Endorsed.
Дванаесет тима од средните училишта Никола Карев”, „Орце Николов”, „Јосип Броз Тито” „Георги Димитров” и „Раде Јовчевски Корчагин“ денеска (8. април) ќе се надигруваат во спортската сала при основното училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“ со почеток во 17:00 часот.
Предвидено беше турнирот да се одигра на надворешните терени во средното училиште „Орце Николов“, но поради временските услови локацијата на турнирот е променета.
Целта на фестивалот „Конект“ е да се организира серијал од настани кои ќе бидат интерактивни, меѓугимназиски и инклузивни. Фестивалот ќе содржи вкупно 6 настани, по еден во секоја гимназија и главен завршен музички настан кој ќе се одржи на 13. април, на Школка во Градскиот парк во Скопје.