24.02.2020

ПРВ ДЕЛ ОД ВТОРОТО КОЛО ОД ЕВРО-КВАЛИФИКАЦИИТЕ: Италија покажа дека е фаворит и со комбиниран тим

По сигурната победа над Русија пред три дена, доста изменетиот состав на „аѕурите“ одигра одличен меч и во Талин. Особено во второто полувреме во кои направија голем резултатски пресврт со кој ја совладаа Естонија (87:81).

Естонците ќе жалат за пропуштената шанса за потврда на успехот во Скопје. Во вториот период имаа предност и од 14 поени (44:30).

Но, потоа Италијанците се разиграа, почнаа да погодуваат во серија, и со низа прецизни удари од далечина на крајот дојдоа дури и до релативно убедлива победа (87:81).

Поентерски гледано, Микеле Витали со 22, и Џампаоло Ричи со 18. поени беа најпрецизни кај Италија, додека Кристијан Кислинг реализираше 22. поени за Естонија.

Најголемото изненадување во првата вечер од второто коло на квалификациите го направија кошаркарите на Полска. Како гости го совладаа актуелниот светски првак Шпанија со сигурни (80:69).

Ништо помало не е ниту победата на Грузија во Белград, против Србија (94:90), па и она на Унгарија како гостин кај Украина (62:60).

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2021

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

ГРУПА А

Шпанија – Полска 69:80

Израел – Романија          денеска

ТАБЕЛА: Полска 3, Шпанија 3, Израел 2 (-1), Романија 1 (-1)

ИДНО КОЛО (27.11)

Романија – Полска

Израел - Шпанија

ГРУПА Б

Русија – МАКЕДОНИЈА   77:67

Естонија – Италија           81:87

ТАБЕЛА: Италија 4, Естонија 3, Русија 3, МАКЕДОНИЈА 2

ИДНО КОЛО (27.11)

Естонија – Русија

Италија - МАКЕДОНИЈА

ГРУПА Ц

Данска – Белгија   денеска

Литванија – Чешка           денеска

ТАБЕЛА: Белгија 2, Чешка 2, Данска 1, Литванија 1

ИДНО КОЛО (26.11)

Литванија – Данска

Чешка - Белгија

ГРУПА Д

Холандија – Хрватска     денеска

Шведска – Турција           денеска

ТАБЕЛА: Хрватска 2, Холандија 2, Турција 1, Шведска 1

ИДНО КОЛО (26.11)

Холандија – Шведска

Хрватска - Турција

ГРУПА Е

Србија – Грузија    90:94

Швајцарија – Финска      64:69

ТАБЕЛА: Грузија 4, Србија 3, Финска 3, Швајцарија 2

ИДНО КОЛО (27.11)

Швајцарија – Србија

Финска - Грузија

ГРУПА Ф

Словенија – Австрија      85:78

Украина – Унгарија          60:62

ТАБЕЛА: Унгарија 4, Украина 3, Словенија 3, Австрија 2

ИДНО КОЛО (27.11)

Словенија – Украина

Австрија - Унгарија

ГРУПА Г

Франција – Црна Гора    денеска

Велика Британија – Германија            денеска

ТАБЕЛА: Германија 2, Црна Гора 2, В. Британија 1, Франција 1

ИДНО КОЛО (26.11)

В. Британија – Франција

Германија – Црна Гора

ГРУПА Г

Бугарија – Летонија         денеска

БиХ – Грција           денеска

ТАБЕЛА: Грција 2, БиХ 2, Летонија 1, Бугарија 1

ИДНО КОЛО (26.11)

Грција – Летонија

БиХ - Бугарија