Екипата од Гевгелија стигна до многу важна победа од (87:82) со која стигна на делба на позицијата број 1, заедно со Гостивар, Еуро Никел 2005, Работнички (сите со ефект 10-4) и МЗТ Скопје Аеродром кој има натпревар помалку, оној против Пелистер во недела попладне...
Дербито на оваа прва вечер од 14. коло од Првата лига во целост ги оправда очекувањата. барем според неизвесноста, од причина што ниту една екипа, ниту Кожув, ниту Гостивар, не направија некоја особена предност во текот на оние 40.минути, макар што некако постојано, гостите од Гостивар имаа некое минимално водство.
Кожув ја доби првата четвртина со (24:20), но Гостивар возврати во втората која ја реши во своја корист, со (23:14), и на одморот замина со водство од (43.38).
КОЖУВ – ГОСТИВАР 87:82
(24-20; 14-23; 18-17; 29-22)
Нерешено беше по 32. минути од играта, кога Пејн погоди за три поени (64:64). идентичен резутат, без ничие водство имавме и на 3:51 минута пред крајот кога беше (73:73). Како најава за драматична завршница на дебито дуелот во Гевгелија. Нерешени (77:77) стоеја и на 1:50 минути до крајот, кога од линијата за слободни фрлања поентираше Костоски. Тој погоди и за три поени, со кои на 40 секунди пред крајот уште еднаш го израмни резултатот (82:82). а во нив прво Зданавичиус, а потоа и Пејн, од линијата за слободни фрлања, донесоа предност, овој пат недостижна, на домашната страна (87:82).
Комплетна статистика од натпреварот - ТУКА
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА 80:65
(19-11; 14-24; 24-11; 23-19)
Во првото полувреме, двете екипи си разменија по една четвртина. Кавадарчани ја добија првата, со (19-11), а за два поени повеќе подобра беше втората, онаа на МЗТ Скопје Уни Банка. Па по 20.минути на семафорот во „Јасмин“ стоеше резултат (33:35). Се чини дека во Кавадарци пресуди третиот период од играта. Оној кој домашната екипа го доби со позитива од 13.поени, и резултатот од полувремето го претвори во сигурни, (57:46).Кавадарчани притисна уште посилно во третиот дел, во кој и ја обезбедија онаа решавачка предност. Дојдоа до плус од (57:46), која ја претворија во сигурен триумф од 15.поени. Никола Караколев со 16.поени ја предводеше двоцифрената група на играчи на Еуро Никел 2005 во која уште влегоа и Коцев (како стартер) со 13, Каплановиќ со 12 и Марзет со 10.поени, но како играчи кои влегоа од клупата за резерви.
Кај младиот состав на МЗТ Скопје Уни Банка, далеку напред отиде Мамузиќ – стрелец на 28.поени, додека Исајлоски беше само вториот со повеќе од десет реализирани поени, даде 11.
Комплетна статистика од натпреварот – ТУКА.
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ФМП 88:60
(23-17; 22-15; 21-12; 22-16)
Со едноминутно молчење во салата „Градски Парк“ почна денешниот прволигашки дуел меѓу Работнички и Академија ФМП, во чест на легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски – Буштур.
а потоа во втората четвртина најверните навивачи, популарните „Сити Парк Бојс“ со палење на факели, испратија последен поздрав до најдобриот кошаркар во историјата на Работнички. За тоа, онака, симболично, беше одбрана 13. минута и 13. секунда од натпреварот, во знакот на бројот 13 што Буштур го носеше во својот клуб.
Раководството на Работнички синоќа објави дека го повлекува овој број на дресот. Љубомир Младеновски, кој досега настапуваше со „тринаесетката“ на грбот, вечерашниот натпревар го одигра со дрес со број 15
Само првата четвртина, онаа во која Академија ФМП покажа дека може да биде конкурентна, помина во некоја израмнета борба (23:17). Но до истекот на првото полувреме, „црвено–белите“ тоа водство го зголемија за уште седум поени, и поведоа со убедливи (45:32). Оној решавачки удар го испратија во третиот период , кога и изѕидааа недостижна предност од (66:44).
Иако оној последен дел требаше да биде рутинерски, кошаркарите на Работнички го искористија разликата да биде уште поголема. За на крајот да го потврдат и третиот последувателен триумф во 2020 година. Во него петмина се вградија со ефект изразен со повеќе од десет поени. Најмногу, по 16, имаа Лесколт и Ефремоски, а еден помалку Мијатовиќ. За Работнички дебитираше и новото американско засилување, Питс. Одигра 22:14 минути и реализираше пет поени, исто толку асистенции и три скока.
На другата страна од теренот, „трилингот“ Харис-Нацевски-Лонг искомбинира 41 од крајните 60.поени на екипата од Кисела вода.
Комплетна статистика од натпреварот – ТУКА.