13.04.2021

Учеството е бесплатно!

Прв меѓународен конгрес за перформанс од ELPA

Асоцијацијата на играчи при Евролигата, како и нејзиниот советодавен Одбор, го презентираа првиот Меѓународен конгрес (EPIC) кој ќе се одржи преку интернет на 29. Мај 2021 година.

Конгресот ќе трае еден ден, а збор на него ќе земат реномирани експерти од најразлични области поврзани со спортот и ќе ги споделат своите последни истражувања во врска со методологии и искуства со пошироката кошаркарска и спортска заедница на теми перформанси, сила и кондиција, исхрана, спортска психологија, трауматологија и други.

Програмата е наменета за секаков вид на кошаркарски и спортски работници, играчи, тренери, доктори, физиотерапевти, нутриционисти.

ПРИЈАВА

ПРОГРАМА