И на второто последувателно гостување во 2020 година, гевгеличани остварија триумф, би се рекло очекуван...
Кошаркарите на Кожув стигнаа и до втора гостинска победа во овој втор дел од првенството во Првата лига.
Очекувано, искористија некои моменти на слабост на младите кошаркари на МЗТ Скопје Уни Банка, па ја впишаа и деветтата победа во оваа сезона.
МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – КОЖУВ 78:101
(21-21; 18-31; 20-26; 19-23)
По израмнетата прва четвртина која и буквално, резултатски, заврши во тој стил (21:21), гостите од Гевгелија ги искористија оние минути на невнимание кај понеискусниот противник. Особено се однесува за оној средишен дел од вториот период во кој дојдоа до првата двоцифрена предност (41:31), која до крајот на полувремето само ја зголемија.
Имаа уште повисоки (52:39).
На почетокот на третата четвртина Кожув дојде до уште поголема предност, (57:39), па тренерот Александар Јончевски се одлучи да им даде поголем број на минути и на Петров, Колев и Лазаревски. Кај домашната екипа која беше дополнително ослабена со неиграњето на неколку играчи, поентерската улога ја превзема Димитровски, кој реализираше 26.поени, Мамузиќ го следеше со 17, а Тодоровски со 13.
Последниот период беше „посветен“ за намалување на разликата која по три четвртини беше уште поголема (59:78). Но без особен успех за домашниот тим кој го запиша и 13.пораз во премиерниот прволигашки настап.
Комплетната статистика од мечот одигран во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, ТУКА