05.10.2020 Победа против Картагења (71:69), пораз од Алманса (62:67) Овој викенд, Стојан Ѓуроски и неговиот ХЛА Аликанте беа дел од еден турнир на кој настапија уште три други екипи од втората шпанска лига. Екипата од Аликанте имаше половичен ефект на овој мини собир. Во полуфиналето, со минимални (71:69) ја совладаа екипата на Картагења (71:69). Натпревар во кој македонскиот репрезентативец одново беше еден од најдобрите стрелци во својот тим. Затоа што за нецели 28.минути во игратм реализираше сосема солидни, 18.поени (3/5 за три, 3/4 за два и 3/4 за еден поен), плус четири скока и две асистенции. Но ден подоцна, го загубија мечот за трофејот. Подобри од нив беа кошаркарите на Алманса кои го добија финалето со резултат (62:67).