11.02.2017 Кадетите на Галатасарај подобри од македонските млади кошаркари По победите над Анадолу Ефес и Дарушафака, македонските репрезентативци до 16 години го претрпеа и првиот пораз на пријателскиот меѓународен турнир во Истанбул. Избраниците на Небојша Ѓуковиќ и Горан Даниловски беа поразени од врсниците од Галатасарај со 69-62. Престојот во турската метропола за младите кошаркари ќе заврши по вториот дуел со Анадолу Ефес, закажан на распоредот за утре (11.00 часот).