21.11.2022

Како почеток на подготовките за настап на Европското првенство „Под 16“, кое ќе се игра следното лето...

Прв собир на кадетската репрезентација

Спортскиот директор на нашите национални селекции, Марјан Србиновски и селекторот на селекцијата „Под 16“ години, Александар Јованчев, одлучија почетокот на наредната седмица да биде резервиран за првиот собир на генерацијата на кошаркари родени 2007 година (и помлади).

На 28. и на 29. ноември, оваа наша машка селекција во салата на СРЦ „Кале“ ќе одработи четири тренинзи. А веќе на 30. ноември, следува и проверка на сработеното, конт​​ролен натпревар против екипата на Работнички 2018, составена, во најголем дел од играчи кои се дел од нашата јуниорска селекција.  

Ова ќе биде своевиден вовед во она што следува во текот на календарската 2023 година, во која кадетската селекција на Македонија ја чека и настап на Европското првенство од Дивизијата „А“.

На списокот на повикани играчи се наоѓаат: 

Марио Симиќ – КК Работнички - Скопје
Дамјан Павловски – КК Работнички - Скопје
Сергеј Петровиќ – КК МЗТ Скопје Аеродром
Борјан Китановски – КК МЗТ Скопје Аеродром
Бојкен Бајрами – КК Тетова Булс - Тетово
Никола Јаничиќ - КК Водно Санс - Скопје
Лука Марјановиќ – КК Водно Санс - Скопје
Лука Антиќ – КК Феникс 2010 - Скопје
Ѓорѓи Цветковски – КК Феникс 2010 - Скопје
Дамјан Ивановски - КК Феникс 2010 - Скопје
Стефан Сапроновски – КК Вардар - Скопје
Илин Најков – КК Вардар - Скопје
Жарко Терзиевски – КК Вардар - Скопје
Григориј Ѓорѓевиќ – КК Вардар - Скопје
Љубен Ефтимовски – КК Вардар - Скопје
Алексеј Нешовиќ – КК Вардар - Скопје
Ѓорѓи Кузмановски – MКК Куманово
Лазар Кузмановски – MКК Куманово
Глигор Цаневски – MКК Куманово
Лазар Гиновски - КК МЗТ Скопје Аеродром