За првпат во своето постоење, нашата федерација e организaтор на турнири во Минибаскет лига, за генерации на играчи родени 2010/2011 и 2012 година и помлади.
Денеска, во големата сала на СРЦ „Кале “ се собраа најмалите, момчиња и девојчиња, на возраст од осум, девет, десет години...
Сите тие, во придружба на своите родители, роднини, пријатели, другарчиња, креираа една прекрасна слика, како дел до првиот кошаркарски хепенинг, Минибаскет лигата во организација на КФСМ.
Беше премногу убаво да се видат толку деца на едно место, на теренот. Да пробаат да се натпреваруваат, но многу повеќе да се дружат, да видат колку научиле, влегле во тајните на кошаркарската магија.
Затоа добија и топли зборови на добредојде, прво од страна на една наша кошаркарска легенда – Тодор Гечевски, а потоа и од првиот повек на макеоднската кошарка – Перо Антиќ.
Спортскиот директор на нашата федерација во својот говор најави – тоа се идните македонски репрезентативци.
А тие имаа навистина ретка прилика да бидат „тука“, веднаш до своите кошаркарски идоли.
И тоа е навистина така, ова се нивните први чекори во тој правец – кошаркарски.
Вистински фестивал на кошаркарскиот спорт, како што и му доликува на еден од најпопуларниоте во нашата земја.
Овој проект е само првиот чекор во уште поголема популаризација на спортот со портокаловата топка.
Продолжуваме понатаму...