13.12.2023

По дополнителните пет минути, девојките во „црвено-црна“ комбинација славеа со резултат (83:77)

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ: Дербито за „вардарки“, го победија Куманово во екстра период

И по девет одиграни натпревари, две екипи во женската Прва лига се со идентичен ефект, осум победи и еден пораз.

Важни бодови освоија ко-лидерите на табелата, Вардар и Баскет Кам 2011.

„Вардарки“ на домашен терен го совладаа составот на Куманово-Гризли со (83:77), иако за двата бода мораа да одиграат дополнителни пет минути.

На крајот, тренерот Александар Ашаданов можеше да биде презадоволен, не само од крајниот епилог, туку и од онаа т.н. „распределба на поените“ во домашниот тим. Дури пет кошаркарки имаа десет или повеќе поени. Најмногу, 20, дојдоа на Матие, Зафировска постигна 18, Димитријевиќ 15, Деловска 12, а Наков уште десет поени.

Искусната Снежана Алексиќ реализираше дабл-дабл ефект од 25.поени и 12. скока (плус и шест асистенции) за гостинската екипа, во која двоен скор од 25.поени и 10. скока имаше и Американката Џонсон, додека третиот странец во тимот, Кемп, додаде 11. поени и 9.скока.

Скор од осум победи (и еден пораз), има и актуелнииот шампион, Баскет Кам, кој со подобра игра во текот на целиот натпревар победи на гостувањето во Крива Паланка, со сигурни (77:67).

МЗТ Скопје беше убедлив во дуелот со Бадел 1862. во Аеродром славеше со повеќе од убедливи (71:38), додека пај сличен беше и развојот на настаните во дуелот во Кавадарци, во кој Пробаскет ја оправда фаворитската улога против Струга 2009, славејќи победа со резултат (89:38).

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО

Вардар – Куманово-Гризли      83:77

Пробаскет – Струга 2009           89:38

МЗТ Скопје Аеродром – Бадел 1862 71:38

Крива Паланка – Баскет Кам 2011     67:77

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 17, Вардар 17, МЗТ Скопје Аеродром 15, Куманово-Гризли 14, Пробаскет 13, Крива Паланка 12, Бадел 1862 11, Струга 2009 9;

ИДНО КОЛО (16.12)

Баскет Кам 2011 – Пробаскет

Бадел 1862 – Крива Паланка

Струга 2009 – Вардар

Куманово-Гризли – МЗТ Скопје Аеродром  

 

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО

Јан Бор – Тим Арена        34:84

Шкупи – Охрид     77:46

Спорт тим – Патриот 2016        33:93

Риниа – Пониква 2020   20:0 сл.

Гостивар 2009 - слободен

ТАБЕЛА: Шкупи 10, Патриот 2016 10, Тим Арена 10, Гостивар 2009 8, Охрид 8, Јан Бор 7, Спорт тим 6, Риниа 6, Пониква 2022 5 (-1);

ИДНО КОЛО (16.12)

Тим Арена – Гостивар

Пониква 2022 – Шкупи

Патриот 2016 – Риниа

Охрид – Јан Бор

Спорт тим - слободен