06.02.2023

Екипата од Делчево славеше со минимални (73:72), и ја задржа лидерската позиција

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ: Патриот 2016 подобар од Јанбор, за прво место на табелата

Поради репрезентативните обврски на женскиот сениорски национален тим, овој викенд се играа само натпреварите од Првата „Б“ лига.

Најинтересен беше натпреварот во Делчево, во кој домашната екипа со минимални (73:72) славеше победа над кавадаречки Јанбор, еден од конкурентите за место кое води во „А“ сегментот.

Два бода со кои делчевки остануваат на првата позиција на табелата (ефект 11-1), пред екипата на Шкупи која во ова коло беше подобра од Гостивар (63:44), па сега има ефект (10-2).

 

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО

Пелистер – Риниа 58:49

Пониква 2022 – ЖКК Куманово          34:62

Шкупи – Гостивар 2009  63:44

Патриот 2016 – Јанбор   73:72

Спорт тим - слободен

ТАБЕЛА: Патриот 2016 23, Шкупи 22, Јанбор 19, Пониква 2022 17, Гостивар 2009 17, Пелистер 17, ЖКК Куманово 2020 15, Риниа 12, Спорт тим 11;

ИДНО КОЛО (11.02)

Јанбор – Шкупи

Гостивар – Пониква 2022

ЖКК Куманово – Пелистер

Риниа – Спорт Тим

Патриот 2016 - слободен