21.11.2022

Патриот 2016 му го нанесе првиот пораз на лидерот на табелата (67:48) во оваа конкуренција, а Гостивар беше подобар од екипата од Битола (46:43)

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ: Први порази за Шкупи и Пелистер

Поради репрезентативните активности на нашата женска сениорска национална селекција, овој викенд не се играа натпреварите од Првата „А“ лига. Но затоа своите обврски од шестото коло ги реализираа само екипите од Првата „Б“ лига.

Највредниот резултат во ова коло го направи екипата на Патриот 2016. Во Делчево беа подобри од досега непоразениот состав на Шкупи. Славеа со убедливи (67:48), и им го нанесоа првиот пораз на скопјанки во овој прв дел од сезоната.

Првиот неуспех во сезоната го доживеаја и кошаркарките на Пелистер, и тоа на гостувањето во Гостивар. Славеше домашната екипа со (46:43), па сега и екипата од Битола во своето салдо има и еден негативен резултат.

Практично по ова коло, три екипи се со таков учеинок, со забелешка дека Шкупи има еден натпревар повеќе во однос на Пелистер и Патриот 2016.

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО

МКК Куманово – Спорт тим      64:45

Гостивар – Пелистер       46:43

Јан Бор – Пониква 2022 58:38

Патриот – Шкупи  67:48

Риниа - слободен

ТАБЕЛА: Шкупи 11, Пелистер 9, Патриот 2016 9, Пониква 2022 8, Јан Бор 8, Гостивар 2009 8, Куманово 2020 7, Риниа 6,  Спорт тим 5;

ИДНО КОЛО (26.11)

Пониква – Патриот 2016

Пелистер – Јан Бор

Спорт Тим – Гостивар

Риниа - Куманово

Шкупи - слободен