13.02.2023

Екипата од Чаир е нов лидер во оваа конкуренција

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ: Шкупи подобар од Јан Бор, Пониква го освои Гостивар

Натпреварите на женската сениорска репрезентација на Македонија не означија и крај на активностите на екипите од женската Прва „Б“ лига.

Напротив, овој викенд се одиграа натреварите од 14 коло, во кои се чини дека најзначајната победа ја однесоа кошаркарките на Шкупи, кои на гостински терен, во Кавадарци, ја совладаа екипата на Јан Бор со резултат (66з.61).

Победа на гостински паркет во овој круг од натпреварите забележа и екипата на Пониква 2022 во Гостивар (57:40).

Во останатите два натпревари, победи на домашните екипи. ЖКК Куманово го доби со убедливи (68:41), мечот со Пелистер, а во дуелот на двете последнопласирани екипи, Риниа беше подобра од Спорт тим (47:42).

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО

Јан Бор – Шкупи   61:66

Гостивар – Пониква 2022          40:57

ЖКК Куманово – Пелистер       68:41

Риниа – Спорт Тим           47:42

Патриот 2016 - слободен

ТАБЕЛА: Шкупи 24, Патриот 2016 23, Јан Бор 20, Пониква 2022 19, Гостивар 2009 18, Пелистер 18, ЖКК Куманово 2020 17, Риниа 14, Спорт тим 12;

ИДНО КОЛО (25.02)

Спорт Тим – ЖКК Куманово

Пелистер – Гостивар

Пониква 2022 – Јанбор

Шкупи – Патриот 2016

Риниа – слободен