Максимален ефект на водечките екипи во десеттото коло од Првата „Б“ лига остварија водечките екипи.
Во Делчево, екипата на Патриот 2016 беше убедлива во средбата против Гостивар, славеше со високи (80:37), за одбрана на првата позиција на табелата.
Нивниот прв пратител, екипата на Шкупи, стигна до победа на гостински терне во Неготино, против екипата на Спорт тим со (80:45).
Најнеизвесен беше дуелот во Охрид, каде штипската Тим Арена излезе како победник против домашната екипа (60:57).
Победа, втора во сезоната, запиша и екипата на Риниа која пред својата публика беше сигурна против кавадаречки Јан Бор (58:41).
ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 10.КОЛО
Охрид – Тим Арена 57:60
Спорт тим – Шкупи 45:80
Риниа – Јан Бор 58:41
Патриот 2016 – Гостивар 80:37
Пониква 2022 - слободен
ТАБЕЛА: Патриот 2016 18, Шкупи 17, Тим Арена 16, Охрид 14, Гостивар 2009 13, Јан Бор 12, Риниа 11, Спорт тим 10, Пониква 2022 8;
ИДНО КОЛО (10.02)
Охрид – Спорт тим
Тим Арена – Пониква 2022
Гостивар – Риниа
Јан Бор - Шкупи
Патриот 2016 - слободен