17.03.2023

Во 18. коло, Работнички и ТФТ Mozzаrt се во улога на фаворити во саботните мечеви со Струмица 2022 односно Навико Академија ФМП

ПРВА ЛИГА – МАЖИ: „Двојна програма“ во „Кале“

Три натпревари во сабота, два во неделниот термин, и уште еден во понеделник се на  програмата од 18. коло од Првата лига.

Првите два се играат во салата на СРЦ „Кале“, каде во улога на домаќини се екипите на Работнички и на ТФТ Mozzаrt.

Од 17.часот двојната програма во „Кале“ ќе ја отворат екипите на Работнички (скор 9-8) и Струмица 2022 (2-15), каде евидентно фаворитската улога им припаѓа на „црвено-белите“ кои во овој момент се на седмата позиција на табелата, далеку од оние водечките.

Од друга страна, струмичани не знаат за победа (имаат само две во досегашниот дел од првенството), и ќе им биде навистина тешко да направат „брејк“ на овој меч.

Нешто подоцна, на истото место, од 19.30 часот закажан е дуелот помеѓу екипите на ТФТ Mozzart (11-6) и Навико Академија ФМП (3-14). „Распоредот на силите е скоро идентичен како и во претходната најава.

Извесно е дека „црно-белите“ ќе бараат начин за да заборават на лошата игра во претходното коло, и она гостување во Гевгелија каде загубија од Кожув. А ова е идеална прилика за тоа, ако се земе в предвид дека пред себе имаат тим кој ретко победува, зад кој се пет порази во серија, и место во долниот дел од табелата.

И третиот натпревар од саботната програма е во главнито град, но на другата страна од Скопје, во Аеродром. Од 20.30 часот, во СЦ „Јане Сандански“ играат екипите на Феникс 2010 (10-7) и на Кожув (8-9).

Откако се ослободија од некои странски кошаркари, кошаркарите на Феникс 2010 играат доста променливо во последно време, евидентирано на последните мечеви, особено последниот, на гостувањето во Кавадарци.

Се подобриот состав од Гевгелија има добра шанса со триумф против Феникс 2010, да се искачи и некое место погоре од моменталното – осмо. Гевгелиските „црвено-бели“ имаат четири победи во последните пет првенствени натпревари, и се во добра форма која може да ги однесе кон конечен успех на ова гостување.     

Во недела ќе се одиграат два натпревари...

Еден од нив може да се означи и како дерби на колото. Се игра во Битола, од 19.30 часот, во кој второпласираниот Пелистер (13-4) го дочекува Еуро Никел 2005 (11-6), кој во овој момент ја дели позицијата број 3 (заедно со екипата на ТФТ Моzzart).

По успехот во АБА 2 лигата  (пласман во плеј-офот), битолчани запишаа кикс на гостувањето во Скопје, каде загубија од Чаир 2030, и ја прекинаа победничката низа, која ги одалечи уште еден чекор зад лидерот МЗТ Скопје Аеродром.

Екипата од Кавадарци е во добра форма, има четири победи во пет последни одиграни натпревари.

Мотиви има и кај двете екипи, што го прави овој натпревар уште поинтересен.

Претходно, од 17.часот, Гостивар (ефект 11-6) ќе ја пречека екипата на Куманово 2009 (4-13), во обид да продолжат со победувањето (две по ред победи во последните две кола) против екипа која има само еден успех во последните пет рунди од првенството.

Веќе вообичаено, а секако, поради АБА обврските кои ги имаат, кошаркарите  на МЗТ Скопје (15-2) својот меч од ова 18 коло, ќе го одиграат надвор од „викенд-програмата“.

Поточно, на 21.март (вторник).

Од 18 часот му гостуваат на дебитантот Чаир 2030 (5-12) во салата „Шабан Трстена“ како апсолутни фаворити. Но чаирчани покажаа дека може да бидат и тоа како незгодни токму во оваа седмица кога на свој паркет излегоа како победници против еден квалитетен противник каков што несомнено е Пелистер.

ПРВА ЛИГА - МАЖИ

ДВОЈКИ 18. КОЛО

18. МАРТ (САБОТА):

17.00: Работнички – Струмица 2022

Сала на СРЦ „Кале“- Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/SPj5VMNmCOE?feature=share

19.30: ТФТ Мozzart – Навико Академија ФМП

Сала на СРЦ „Кале“- Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/hBROrg0tnt8?feature=share

20.30: Феникс 2010 – Кожув (МРТ3)

Голема сала „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/avhRcUjmvRU?feature=share

19. МАРТ (НЕДЕЛА):

17.00: Гостивар – Куманово 2009

Сала „Младост“ - Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ZJWQydEcCkk?feature=share

18.30: Пелистер – Еуро Никел 2005

Сала „Боро Чурлевски“ - Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/WefH4aUx78M?feature=share

21.МАРТ (ВТОРНИК):

18.00: Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/fhx5okujjW8?feature=share