18.03.2023

Екипата од Тафталиџе го скрши отпорот на Навико Академија ФМП во самиот финиш, за да победи со сигурни (86:75).

ПРВА ЛИГА – МАЖИ: „Лавовите“ дадоа силен отпор, но останаа без „плен“ против ТФТ

На вториот натпревар од двојната програма вечерва во СРЦ „Кале“, ТФТ Mozzart и Навико Академија ФМП одиграа доста израмнет натпревар. Но во финишот, домашните кошаркари го искористија својот најголеми квалитети, поголемиот играчки ростер, и искуство на играње на мечеви на „една топка“, за конечен успех. 

ТФТ МOZZART – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП          86:75

Гостите од Кисела Вода ја добија првата четвртина, имаа сосема солидна предност од пет поени, (19:14). Но како одминуваа минутите во втората, така фаворитот се враќаше во игра, и играчка и резултатска. Брзо ја надополнија негативата „црно-белите“. А до пред истекот на првото полувреме ја претворија во свое, исто така сосема солидно водство (38:33).

Свои минути во моментите на пресврт имаше Андерсон кој набрзина комплетираше 11 поени. А своите први миути, и тоа без грешка, како играч на екипата од Тафталиџе, ги одигра и Марко Симоновски. Екс репрезентативецот ги погоди трите обиди (два за три и еден за два поени), и  собра осум поени за шест минути во игра.

По 20 минути игра, ТФТ Mozzart имаше предност, (40:36).

На другата страна, Џонс имаше двоцифрен број на поени – 10.

Секако, тоа не беше и гаранција за победа за екипата која ја имаше улогата на фаворит, барем според местото на табелата.

Но кошаркарите на Навико Академија ФМП немаа намера така лесно да му ги препуштат бодовите на домашниот тим.

Беа конкурентен ривал и во второто полувреме Освен во еден момент, кога ТФТ поведе со нешто повисоки (58:49), потоа и (61:52), се друго беше изразено со пониски бројки, макар на „црно-белата“ страна.

На средина од последниот период, гостите од Кисела Вода се доближија на само еден поен негатива (73:74). Како најава дека последните четири минути може да се претворат и во драматични.

Но тој налет на екипата на тренерот Тони Симиќ, со тројка, „го одби“ Костоски (77:73). За отворање на една победничка серија од (10-0) која ги однесе домашините на уште повисоки, и недостижни (84:73).

Токму Костоски заврши како прв стрелец во победничката екипа. Искусниот бек даде шест тројки (со 50% на реализација), доволно за 21 поен, Андерсон застана на 19, Мекбраер имаше 13, а ташовски уште 10.поени за 12 победа за ТФТ Mozzart во сезоната, и делба на третото место на табелата.

Кај Навико Академија ФМП, Смит Мексвејн даде 27. Џонс 18, а Бјелиќ уште 15.поени.  Изостана поддршката од клупата која даде само четири поени.

ПРВА ЛИГА - МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 18. КОЛО

ТФТ Мozzart – Навико Академија ФМП       86:75

Работнички – Струмица 2022  99:66

Феникс 2010 – Кожув (во тек)

19. МАРТ (НЕДЕЛА):

17.00: Гостивар – Куманово 2009

Сала „Младост“ - Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ZJWQydEcCkk?feature=share

18.30: Пелистер – Еуро Никел 2005

Сала „Боро Чурлевски“ - Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/WefH4aUx78M?feature=share

21.МАРТ (ВТОРНИК):

18.00: Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/fhx5okujjW8?feature=share

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 32 (-1), Пелистер 30 (-1), ТФТ Mozzart 30, Работнички 28, Еуро Никел 2005 28 (-1), Гостивар 28 (-1), Феникс 2010 27, Кожув 25, Чаир 2030 21 (-1), Куманово 2009 21 (-1), Навико Академија ФМП 21, Струмица 2022 20;