25.03.2023

По изедначеното прво полувреме, Навико Академија ФМП беше малку подобра во второто и победи во „Парк“ (99:94)

ПРВА ЛИГА – МАЖИ: „Лавовите“ победнички низ Струмица, за чекор поблиску до опстанокот

Важна победа реализираа кошаркарите на Навико Академија ФМП на гостински терен против директниот конкурент во битката за опстанок во друштвото на најдобрите.

СТРУМИЦА 2022 – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП     94:99

Максимално изедначено се играше во првото полувреме. Двете екипи кои се борат за опстанок во друштвото на најдобрите разменија неколку водства. Но ниту една од нив не направи некоја посериозна предност во тие 20 минути, завршија со минимално водство (55:54) за гостите од Скопје.

Стартната петорка на Навико Академија ФМП работеше доста добро, а со 12 поени од клупата помогна Мариновиќ.

На другата страна од теренот пак некако поентерски се издвоија Шуцов, кој даде 16, и Димитриев кој имаше 12. реализации во првото, и доста ефикасно полувреме од средбата во „Парк“.

Првото поголемо водство го реализираа кошаркарите кои ги предводи Тони Симиќ. Во 29.минута Навико Академија ФМП поведе со највисоки (72:62). Дел од играта во кој свои минути имаше нивниот веројатно најдобар играч, Смит-Мексвејн, кој дојде до 15.поени, и му се придружи на Мариновиќ на листата на двоцифрени поентери.

Гостинската серија, со три поени ја прекина Кортез, за (65:72), за тој период од играта да заврши со слични (67:74).

По четири минути игра во последната четвртина, „лавовите“ од Кисела Вода имаа и уште повисоки (87:75).

Но во последните две, се чини и решавачки минути, по поентирањето на Обуквелу, се влезе со резултат (90:93).  

Многу важни поени даде Коскоски, кој го зголеми водството на гостинската екипа на (95:90). Многу брзо врати Крстајиќ за (92:95), потоа погоди и за (94:97), но искусниот кошаркар направи и грешка во водење на топката кога беше најмалку потребно. Тоа го казни Смит Мексвејн кој ги погоди двете слободни фрлања и донесе недостижни (99:94).

На три кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната во Првата лига, Навико Академија сега има скор од (4-15), додека пак Струмица 2022 е на (2-17).

Вечерва се играат уште три натпревари од ова 19. коло. Од 20 часот, Феникс 2010 го пречекува ТФТ Мozzart, половина час подоцна, од 20.30 часот, Куманово 2009 е домаќин на Работнички, додека пак од 21. часот, во салата „Шабан Трстена“ во Скопје, Чаир 2030 е домаќин на Гостивар.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 19. КОЛО

Струмица 2022 – Навико Академија ФМП  94:99

20.00: Феникс 2010 – ТФТ Мozzart

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/90lqe2xCHq4?feature=share

20.30: Куманово 2009 – Работнички

Сала „Перо Наков“ - Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/XmrWmeL6bMk?feature=share

21.00: Чаир 2030 – Гостивар

Сала „Шабан Трстена“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/7cj9UyceDjQ?feature=share

26.МАРТ (НЕДЕЛА)

19.00: Кожув – Пелистер

Сала „26.април“ - Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/2qKGBGSOn0A?feature=share

28. МАРТ (ВТОРНИК)

19.00: Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Јасмин“ - Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/SVQa9VwD2_k?feature=share