28.03.2023

МЗТ Скопје Аеродром одигра добар меч во „Јасмин“, и лесно го совлада Еуро Никел 2005 (81:61)

ПРВА ЛИГА – МАЖИ: „Металците“ немаат „домашни проблеми“

Шампионот не блескаше, но стигна до планираната цел - да го победи Еуро Никел 2005 на негов терен во Кавадарци. 

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ       61:81

Сосема солидно прво полувреме имаа кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во „Јасмин“. Односно 20 минути во кои се стекнаа со двоцифрена предност (40:30). Го најавија походот кон нова домашна победа во првиот период, во кој остварија предност, макар и не висока (21:17).

Но како одминуваше играта, така растеше тоа нивно водство...

За разлика до домашната екипа во која „работеше“ само почетната петорка, извесно, „сино-белите“ имаа добра поентерска поддршка од клупата.

Сето тоа заедно доволно за солидна предност на одморот.

А во продолжението, Еуро Никел 2005 се доближи на (38:45). Но „,металците“ одговорија брзо, за да „побегнат“ на уште повисоки (54:39), во 26.минута од играта.

Одлични минути на Кефи, но и на Крстевски (двајцата по десет рерализации), на едната односно на Планиниќ на другата, заокружена со 16.поени. 

До крајот на тој трет дел од играта, аеродромци веќе беа далеку, водеа со (65:42). Тоа беше недостижно за кавадарчани, па МЗТ Скопје Аеродром дојде до планираната цел во „Јасмин“, убедлив триумф, за нив број 17 во сезоната, со кој остануваат на две победи пред пратителот – Пелистер (скор 15-4).

Кефи ги предводеше гостите со 15 поени, а по десет, освен Крстевски, дадоа уште и Робев и Вер. На другата страна, далеку најдобар во улога на стрелец беше Планиниќ, со 20 реализации.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 19. КОЛО

Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром  61:81

Кожув – Пелистер 88:100

Куманово 2009 – Работнички  54:82

Чаир 2030 – Гостивар      88:93

Феникс 2010 – ТФТ Мozzart      66:76

Струмица 2022 – Навико Академија ФМП  94:99

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 36, Пелистер 34, ТФТ Mozzart 32, Гостивар 32, Работнички 30, Феникс 2010 30, Еуро Никел 2005 30, Кожув 27, Чаир 2030 23, Навико Академија ФМП 23, Куманово 2009 23, Струмица 2022 21;

ИДНО КОЛО (01.04)

Навико Академија ФМП – Куманово 2009

ТФТ Mozzart – Струмица 20222

Работнички – Чаир 2030

МЗТ Скопје Аеродром – Кожув

Гостивар – Еуро Никел 2005

Пелистер – Феникс 2010