Иако почнаа како што не планираа, на крајот „зелено-белите“ ја освоија Гевгелија, стигнаа до важен триумф со кој го притискаат лидерот во шампионатот.
КОЖУВ – ПЕЛИСТЕР 88:100
Отварањето на натпреварот беше во знакот на Кожув кој успеа да го заштити рекетот, а да издоминира во противничкиот. Доста рано екипата од Гевгелија стигна до двоцифрена предност која сепак расположениот Хаџифејзовиќ ја намали на едноцифрена.
По десет минути од играта беше (21-12) за Кожув.
Но како што одминуваше времето на играње во салата „26.април“, така „зелено-белите“ ја топеа предноста на противникот.
Сепак со подобра реализација во шутот за три поени, на крајот на првото полувреме домаќините имаа предност, иако не така голема, (41:38).
По одморот, иницијативата премина на стрната на екипата од Битола. Маслинко, Карпентер и Стајиќ погодуваа надор од линијата 6.75 метри, и му донесоа сосема солидна предност на Пелистер од (69:60) на влезот на последната четвртина.
Во неа агресивната одбрана на Кожув успеа да ја ублажи предноста, но Пелистер умешно одговори во нападот и не дозволи неизвесен финиш.
Со дабл-дабл ефект, изразен преку реализација на 24 поени и 11 скока Пелистер го предводеше Хаџифејзовиќ, додека пак репрезентативецот Стајиќ натпреварот во Гевгелија го заврши со ол-раунд издание, односно со 20 поени, 8 скока и 5 асистенции.
Со 21 поен и 7 скока лидер на Кожув беше Ризвиќ, го следеше Гордон со 20 поени и 6 асистенции.
По ова 19 коло, Пелистер е на скор од 15 победи и 4 порази, додека пак Кожув останува на осмото место, сега со ефект (8-11).
ПРВА ЛИГА – МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 19. КОЛО
Кожув – Пелистер 88:100
Куманово 2009 – Работнички 54:82
Чаир 2030 – Гостивар 88:93
Феникс 2010 – ТФТ Мozzart 66:76
Струмица 2022 – Навико Академија ФМП 94:99
28. МАРТ (ВТОРНИК)
19.00: Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром
Сала „Јасмин“ - Кавадарци
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/SVQa9VwD2_k?feature=share
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 34 (-1), Пелистер 34, ТФТ Mozzart 32, Гостивар 30, Еуро Никел 2005 29 (-1), Феникс 2010 30, Работнички 30, Кожув 27, Чаир 2030 23, Навико Академија ФМП 23, Куманово 2009 23, Струмица 2022 21;