18.03.2023

Струмичани се „нелојална конкуренција“ во Првата лига, сигурни и убедливи (99:66) за „црвено-белите“

ПРВА ЛИГА – МАЖИ: Работнички обезбеди победа уште по десет минути играње против Струмица

Се беше јасно уште по 20 минути од играта, можеби и порано, уште во првата четвртина во која Работнички обезбеди позитива од дури 25 поени...

РАБОТНИЧКИ – СТРУМИЦА 2022       99:66

Иако пред себе го имаа „фенерџијата“ во друштвото на најдобрите, кошаркарите на Работнички мошне мотивирано го почнаа натпреварот. Многу рано се стекаа со висока предност, која на истекот на десет минути од играта беше изразена со големи, високи, 25. поени (37:12).

Тоа и го одреди понатамошниот тек на настаните во СРЦ „Кале“.

Струмичани се предадоа, и тоа уште по само една одиграна четврттина. Во онаа втората, Работнички се стекна со уште поголема позитива. На полувремето „црвено-белите“ имаа плус од дури 38. поени (64:26).

Па оној втор дел од натпреварот беше само формално доигрување, минути во кои тренерот на домашната екипа Димитар Мираковски ги „разигра“ и кошаркарите кои не добиваат така висок број на минути во оваа прволигашка конкуренција.

А во оние 20 минути, Џелетовиќ се одвои со реализација на 19. поени, а десет дојдоа од Бакоч, и тоа беша повеќе од целата гостинска екипа во која пак го немаше најдобриот стрелец, Стефан Крстајиќ.    

ПРВА ЛИГА - МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 18. КОЛО

Работнички – Струмица 2022  99:66

19.30: ТФТ Мozzart – Навико Академија ФМП

Сала на СРЦ „Кале“- Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/hBROrg0tnt8?feature=share

20.30: Феникс 2010 – Кожув (МРТ3)

Голема сала „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/avhRcUjmvRU?feature=share

19. МАРТ (НЕДЕЛА):

17.00: Гостивар – Куманово 2009

Сала „Младост“ - Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ZJWQydEcCkk?feature=share

18.30: Пелистер – Еуро Никел 2005

Сала „Боро Чурлевски“ - Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/WefH4aUx78M?feature=share

21.МАРТ (ВТОРНИК):

18.00: Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/fhx5okujjW8?feature=share