25.03.2023

„Црно-белите“ издоминира во второто полувреме и стигнаа до особено важен триумф (76:66) кој ги става во добра позиција пред Феникс 2010

ПРВА ЛИГА – МАЖИ: ТФТ Mozzart е многу поблиску до третото место

По нерешениот исход во првото полувреме, кога двата скопски ривали имаа по 38. поени, гостите од Тафталиџе направија двоцифрена предност во третиот период, доволен за особено важен триумф кој ги задржува на третата позиција на табелата.

ФЕНИКС 2010 – ТФТ МOZZART 66:76

Првите 20 минути од дерби-дуелот на 19. коло ги одбележаа двајца играчи кои важат како најискусни, но во исто време се и најдобрите.

Бојан Трајковски од страна на Феникс 2010 а Александар Костоски од страната на ТФТ. За високото крило беа минутите во првата четвртина, за искусниот бек во гостиинската екипа, онаа втората.

На крајот, по 20 минути тие нивни напори резултираа, интересно, со егал-скор. Двата локални ривали кои се тркаат за позицијата број 3 пред почетокот на плеј-офот, поделија по 38. поени.

Феникс 2010 беше екипата која отвори подобро. За шест минути поведе со (21:12). Но како неколку пати досега во текот на сезоната и некои претходни натпревари, како течеа минутите, така „паѓаше“ играта на тимот кој го предводи Денис Дервишевиќ.

Навистина на гостинската екипа им требаше „појавата“ на Костоски за да ја стигнат, и не баш малата негатива. За прв пат поведоа во средишниот дел од втората. Имаа (30:28) „црно-белите“, што беше и нивното единствено водство во првото полувреме во кое стигнаа до нерешен резултат откако одново влегоа во минусно салдо, макар и од шест поени (32:38).

Второто полувреме протекна во доминација на гостите од тафталиџе. Заиграа доста подобро во одбраната, му дозволија на противникот да даде само седум поени, дадоа доста повеќе – 19, за да стигнат до двоцифрено водство од (57:45). Големо „влијание“ за тоа имаше Андерсон, кој стигна до бројката од 15 реализации во три одиграни периоди.

Од друга страна Трајковски остана некако „преосамен“ во обидите за реализација, без вистинска поддршка од соиграчите.

Кога ја доби, Феникс 2010 стигна до пресврт. По поените на Хот (негов десетти), домашната екипа дојде до само „еден посед“ негатива (64:66), на 3:50 минути пред крајот.

Но Андерсон беше „жежок“ погоди уште една тројка, веднаш по него, истото го направи и Костоски. Го одбија тој налет на домаќините, за скоро и недостижни (72:64).

ТФТ останува трет, сега со скор (13-6), Феникс 2010 заостанува, има учинок (11-8).  

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 19. КОЛО

Феникс 2010 – ТФТ Мozzart      66:76

Струмица 2022 – Навико Академија ФМП  94:99

Куманово 2009 – Работнички  (во тек)

Чаир 2030 – Гостивар      (во тек)

26.МАРТ (НЕДЕЛА)

19.00: Кожув – Пелистер

Сала „26.април“ - Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/2qKGBGSOn0A?feature=share

28. МАРТ (ВТОРНИК)

19.00: Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Јасмин“ - Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/SVQa9VwD2_k?feature=share

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 34 (-1), Пелистер 32 (-1), ТФТ Mozzart 32, Гостивар 30, Феникс 2010 30, Еуро Никел 2005 29 (-1), , Работнички 28, Кожув 26 (-1), Чаир 2030 23, Навико Академија ФМП 23, Куманово 2009 22, Струмица 2022 21;