Во првиот натпревар од 4. коло од Плеј-аут лигата, кошаркарите на Кожув стигнаа до успех на гостувањето во Скопје. И му го нанесоа четвртиот пораз по ред на навико Академија ФМП во вториот дел од сезоната во кој се вборат за опстанок во друштвото на најдобрите. .
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – КОЖУВ 68:74
Иако во најголем дел од средбата во „Независна Македонија“ домашната екипа имаше постојана предност, сепак, по три одиграни четвртини резултатот беше нерешен (50:50).
А по три и пол минути игра од последниот период, гостите од Гевгелија дури и го преземаа водството. Поведоа со (59:56), и најавија дека се подготвени да остварат победа со која ќе бидат уште еден чекор поблиску до опстанокот во друштвото на најдобрите екипи.
И не се задоволија со тоа, затоа што веќе во наредниот напад, гостите дојдоа до уште повисоки (62:56).
Откако го преземаа водството гевгеличани немаа намера да го препуштат. По поените на искусниот Штерјов, имаа сличен плус 5 (69:64) на 03:36 минути пред крајот на мечот, кога тренерот на домашната екипа, Никола Божиновски повика уште еден тајм-аут.
Двојаковски намали на (68:71), но не ги погоди и двете слобдни флања за уште пониска негатива. Казни веднаш, на спротивната страна, Унрух кој положи за (73:68) за Кожув на само 36 секунди до крајот. Недостижни з авидно изменатиот соства од Кисела Вода кој го запиша и четвртиот минус во доигрувањето за опстанок во Првата лига.
Воедно, за нив ова беше и десеттата победа во првенството, со која скоро е поизвесно, се блиску до целта, и догодина да бидат дел од елитното друштво.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ПЛЕЈ-АУТ – РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 4. КОЛО
Навико Академија ФМП – Кожув 68:74
Работнички – Куманово 2009 во тек
1.МАЈ (НЕДЕЛА):
16.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Ангели
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
https://youtu.be/j23_EhREV0k
ТАБЕЛА: Навико Академија ФМП 14-12, Работнички 11-14, Кожув 10-16. Куманово 2009 9-16, Ангели 4-21, МЗТ Скопје Уни Банка 3-22;