01.05.2022

Славеа победа над директниот конкурент во трката за опстанок, екипата на Ангели (87:82)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ - 4. КОЛО ПЛЕЈ-АУТ: Младите „металци“ не се предаваат!

Младите кошаркари на МЗТ Скопје Уни Банка остварија победа против директниот конкурент во трката за опстанок во друштвото на најдобрите.

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – АНГЕЛИ    87:82

За кратко време, младите кошаркари на МЗТ Скопје Уни Банка, сега предводени од тренерот Бојан Христовски, ја запишаа и втората победа во Плеј-аут лигата.d

На свој терен, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ беа подобри од екипата која, исто така, грчевито се бори за опстанокот во друштвото на најдобрите екипи во Македонија, Ангели.

Освен во првата четвртина, која гостите ја добија со (20:16), младите аеродромци беа подобри во продолжението на средбата. До полувремето го преземаа водството, макар истото беше и минимално (4240), за во продолжението на средбата да изградат уште повисоки (61:54) кои и успеаја да ги оддржат до крајот на мечот.

По 26. одиграни кола, двете екипи се на идентичен скор од 4.победи и 22. порази.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ПЛЕЈ-АУТ – РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

МЗТ Скопје Уни Банка – Ангели          87:82

Навико Академија ФМП – Кожув       68:74

Работнички - Куманово 2009   98:92

ТАБЕЛА: Навико Академија ФМП 14-12, Работнички 12-14, Кожув 10-16, Куманово 2009 9-17, Ангели 4-22, МЗТ Скопје Уни Банка 4-22;