30.04.2022

„Црвено-белите“ победија благодарение на пресвртот во второто полувреме (98:92).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ - 4. КОЛО ПЛЕЈ-АУТ: Работнички стави крај на победоносната серија на Куманово (ФОТО)

По пет победи во низа, Куманово доживеа пораз на гостувањето кај Работнички во дербито кое некогаш одлучуваше за трофеите во македонската кошарка.

РАБОТНИЧКИ – КУМАНОВО 2009      98:92

Многу извесно, и двете екипи и идната сезона ќе се натпреваруваат во највисок ранг, но вечерва Работнички и Куманово се бореа во мини-лигата за опстанок. Триумфираше најтрофејниот тим во земјава со 98-92, благодарение на пресвртот во второто полувреме откако во првото доминираа гостите.

Првите 20 минути, Куманово ги заврши со водство од (46:33) што беше и највисоко водство на натпреварот. Второто полувреме Работнички го почна со серија од (10-2), а на нешто повеќе од две минути пред крајот на третиот квартал, домаќините го презедоа водството (62-61).

Гостите не се предадоа, израмнето беше до минута пред крајот кога по тројката на Марјановиќ, Куманово израмни на (92:92).

Во следниот напад, на идентичен начин врати Балмазовиќ по што Јузбашиќ не успеа да реализира од дистанца. Дион Едвин потоа погоди слободно фрлање поради техничка грешка на противничката клупа, а откако и Марјановиќ не реализира положување, Гади стави точка на мечот во СРЦ „Кале“.

Едвин постигна 32 поени, но имаше и 13. асистенции, пет украдени топки и четири скока. Кај Куманово, Јузбашиќ постигна 23 поени.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ПЛЕЈ-АУТ – РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 4. КОЛО

Работнички – Куманово 2009      98:92

Навико Академија ФМП – Кожув       68:74

1.МАЈ (НЕДЕЛА):

16.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Ангели

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/j23_EhREV0k

ТАБЕЛА: Навико Академија ФМП 14-12, Работнички 12-14, Кожув 10-16, Куманово 2009 9-17, Ангели 4-21, МЗТ Скопје Уни Банка 3-22;