Кошаркарите на Пелистер направија уште едeн чекор напред кон освојувањето на првото место на табелата во Суперлигата кое носи најголеми привилегии во плеј-офот.
Во еден ран, неделеn термин во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, беа многу подобри од третопласираниот Еуро Никел 2005
ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ 2005 100:83
Феноменална прва четвртина одиграа „зелено-белите“ против кавадаречкиот суперлигаш. За десет минути реализираа дури 33. поени, примија само 18. И тука некаде беше означен патот кон новиот успех за битолчани. По подолго време му се вратија на оној стар, пред се, ефикасeн стил на игра, кој е тежок да се брани, па и за искусни тимови каков што несомнено има Еуро Никел 2005.
До полувремето таа разлика Пелистер ја направи да изгледа недостижна за противникот. Водеше домашната екипа со (57:36).
Па она второ полувреме протекна во обидите на гостите од Кавадарци таа разлика да ја сведат на пристојна. Навистина ги добија и двете четвртини, но остана впечатокот дека Пелистер и без помошта на Хотон, и вистинска распределба на минутите на долгиот ростер, е подготвен за она трето ниво на натпреварите – доигрувањето за шампионската титула.
По 26. одиграни натпревари, битолчани се на скор (23-3), Еуро Никел 2005 пак го запиша десеттиот пораз.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
СУПЕРЛИГА – РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО
Пелистер – Еуро Никел 2005 100:83
18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар
Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
https://youtu.be/zc4oIuWHnGg
19.00: ТФТ – Феникс 2010
Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје
https://youtu.be/HvFR0_sgP1I
ТАБЕЛА: Пелистер 23-3, МЗТ Скопје Аеродром 21-4, Еуро Никел 2005 16-10, Гостивар 14-11, ТФТ 14-11, Феникс 2010 13-12;