01.05.2022

„Црно-белите“ многу подобри од ослабениот Феникс 2010 (85:74)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ - 4. КОЛО СУПЕРЛИГА: ТФТ останува во трката за плеј-офот (ФОТО)

Крајниот рсзултат од средбата во „Кале“ помалку и „лаже“, ако се земе в предвид дека домашната екипа имаше предност и од (73:49), а гостинската во последните десет минути од играта го претвори во пристоен пораз.

ТФТ – ФЕНИКС 2010        85:74

Кошаркарите на ТФТ стигнаа до триумф во дуелот со Феникс 2010 и на тој начин дојдоа многу поблиску до позицијата број 4, последната која води во доигрувањето за шампионската тиула. Во исто време, успехот значи и одвојување во однос на конкурентот кој сега има две победи помалку по четири одиграни кола во Суперлигата.

Одлично прво полувреме одиграа кошаркарите на ТФТ во кое и се стекнаа со убедлива предност од (48:32).

Но тоа не ги задоволи, пеитиснаа уште повеќе по оние 15 минути предвидени за одмор. До истекот на третиот период ги тргнаа сите дилеми околу тоа кој ќе биде победникот на средбата во СРЦ „Кале“. Имаа „црно-белите“ повеќе од убедливо водство од 24.поени.

На противникот му остана, и успеа во тоа, да го сведе поразот на прифатлив. Петмина домашни кошаркари имаа двоцифрен број на реализации за актуелен ефект (15-11).

Интересно најмногу, 18. постигна довчерашниот „фениксовец“ Двејн Морган.

На другата страна пак во која го немаше лидерот на тримот Бојан Трајковски, го немаше и Андреј Митревски, а само четири минути одигра Вилијамс, слична распределба на поени, но ги немаше токму нивните....

Михајлоски уфрли 17, Хот 16, петков 15, а Стојановски 14.поени во младиот состав на Денис Дервишевиќ, кој сега има половичен ефект (13-13).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

 СУПЕРЛИГА – РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

ТФТ – Феникс 2010          85:74

Пелистер – Еуро Никел 2005   100:83

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар      78:55

ТАБЕЛА: Пелистер 23-3, МЗТ Скопје Аеродром 22-4, Еуро Никел 2005 16-10, ТФТ 15-11, Гостивар 14-12, Феникс 2010 13-13;