29.04.2022

Лидерот сега има само една победа повеќе во однос на МЗТ Скопје Аеродром, кој го пречекува силно мотивираниот Гостивар

ПРВА ЛИГА-МАЖИ - 4. КОЛО СУПЕРЛИГА/ПЛЕЈ-АУТ: „Пелистерци“ добија опомена од Гостивар, тоа е знак за предупредување и за шампионот

ФОТО: Гостиварци ќе се обидат да го изненадат и бранителот на титулата во СЦ „Јане Сандански“

Првиот ден од мај е обично „резервиран“ за одмор, но прволигашите го немаат тој луксуз. Ќе треба да го одиграат и четвртото коло од Суперлигата односно Плеј-аут лигата.

Во она минатото, водечката екипа во лигата Пелистер го загуби чекорот (доживеа пораз на домашен терен од Гостивар), што го искористи МЗТ Скопје Аеродром. Бранителот на титулата потешко од предвидувањата го совлада Феникс 2010, но се доближи уште повеќе до тимот од Битола. Ги дели само една победа во пресрет на четврттиот круг од натпреварите во Суперлигата.

Ќе биде доста интересен, особено ако се земе в предвид дека во недела попладне, од 14. часот, гостува се подобриот состав од Кавадарци, кој во овој момент цврсто стои на позицијата број 3, и сака таму да остане.

По бројните проблеми, пред се со повредите, битолчани скоро го комплетираа ростерот, сега побогат и за Стефан Крстајиќ, и ќе мора да одиграат многу подобро отколку на претходниот натпревар пред своите навивачи во салата „Боро Чурлевски“.

Гостивар, екипата која ги совлада пред неколку дена, оди на уште потешко гостување, во СЦ „Јане Сандански“, каде од 18.часот (недела), ги чека МЗТ Скопје Аеродром.

Победата на гостиварци во Битола треба да биде знак за предупредување за „металците“ кои добија шанса конечно да стигнат и до првата позиција на табелата, најдобрата пред почетокот на доигрувањето за титулата.

Дуелот помеѓу екипите на ТФТ и на Феникс 2010 може да тргне некои дилеми околу четвртото место на табелата. „Црно-белите“ се во предност, но евентуална победа на новакот во оваа конкуренција во неделниот дуел закажан за 19.часот, во СРЦ „Кале“ може да донесе уште поголема неизвесност во преостанатиот дел од Суперлигата.

ФОТО: Кошаркарите на Ангели атакуваат и на трет триумф по ред во Плеј-аут сегментот

Во плеј-аут конкуренцијата пак има се помалку дилеми. Се поизвесно е дека МЗТ Скопје Уни Банка не може да го држи прволигашкиот ритам, макар што во овој сегмент загубија тесно на два од трите одиграни мечеви.

Дуелот со Ангели, во недела од 16 шасот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, е веројатно поважен за екипата од Драчево, која врза два триумфи (четири вкупно), но сепак се далеку поназад во однос на Куманово 2009 и Кожув, кои имаат пет победи повеќе, и скоро осигуран опстанок, прд гостувањето во Скопје, каде за ривали ги имаат подобропласираните екипи на Навико Академија ФМП и на Работнички.    

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

СУПЕРЛИГА – ДВОЈКИ 4. КОЛО

1.МАЈ НЕДЕЛА):

14.00: Пелистер – Еуро Никел 2005

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/oXm0ZyaAvcU

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/zc4oIuWHnGg

19.00: ТФТ – Феникс 2010

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/HvFR0_sgP1I

ПЛЕЈ-АУТ – ДВОЈКИ 4. КОЛО

30.АПРИЛ (САБОТА):

17.00: Навико Академија ФМП – Кожув

Сала „Независна Македонија“- Скопје

https://youtu.be/wFCjWHx_YeE

18.30: Работнички – Куманово 2009

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/iK9di0NBeCw

1.МАЈ НЕДЕЛА):

16.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Ангели

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/j23_EhREV0k