А последното коло од првиот круг донесе неколку измени на местата во неколку статистички категории.
Онаа, условно кажано главната, поентерската, и понатаму ја предводи Мајрон Гордон.
Американскиот бек од редовите на Кожув, не го одигра последниот меч, и затоа остана на просек од 27.7 поени, далеку најдобар ефект во однос на конкуренцијата која ја чинат, се подобриот Дарел Френклин (Чаир 2030) кој има 23.3 и Камерон Форте (Работнички), кој е трет со просечни 23.1 поени по натпревар.
Овој кошаркар прикажуваше доста ол-раунд игри во изминатиот период, за што сведочи и податокот дека е и прв скокач во лигата, сега со просек од 11.7 скока, со кои го надмина ефектот на Гиорги Корсантиа (Гостивар) со 11.6 и Јусуф Мохамед (Чаир 2030), кој е на просек од 11.1 скокови.
Играчот на Еуро Никел 2005, Марјан Младеновиќ одново е прв асистент во лигата, сега со просек од шест додавања по натпревар, кој е за нијанса подобар од Лувејн Пипкинс (Гостивар), со 5.9 односно Ерик Нотиџ (Работнички) со 5.4.
Камерон Форте од Работнички е играчот со најголем број на загубени топки, по 4.1 на натпревар, а неговиот тимски колега од „Градски парк“, Ерик Нотиџ, пак освојува најмногу топки – по 2.7.
Тревор Бунч од Чаир 2030 ја презема лидерската позиција кај блокерите, има 1.8 блокади по натпревар со кои го помина Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје Аеродром) чиј просек падна на 1.4.
Лувејн Пипкинс од Гостивар е играчот кој и понатаму игра најмногу, во просек по 35:47 минути, нешто повеќе од Мајрон Гордон (Кожув) и Марјан Јанески (Куманово 2009) кои се во ист просек, играат по 35.минути.
Во оној дел во кој се изразуваат проценти, Виктор Ефремовски, засега е најдобриот реализатор од линијата за слободни фрлања. Репрезентативниот бек на Гостивар погодува со 91.8% за еден поен, блиску до него е неговиот соиграч Максим Митевски, кој има 88.6% на успешност.
Сеад Хаџифејзовиќ од Пелистер е најдобар скорер во обидите за два поени, реализира со 75.6%, пред Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) со 69.6% и Донтај Карутерс (Пелистер) со 68.2%.
Една од причините за успешната низа на Работнички во изминатиот период, се стандардно добрите игри на нивниот нов играч, Никола Малешевиќ. Некогашниот „пелистерец“ веќе е водечки играч во рубриката на најдобри тројкаши. Реализира со 53.3% на успешност, нешто подобар ефект во однос на Кени Карпентер од Пелистер, кој има 51.2%.
Дека е еден од најкорисните играчи во лигата, Камерон Форте од Работнички потврдува и со највисок процент на реализација во обидите од поле. Погодува со 63.6% во досегашниот дел од сезоната, нешто подобар во однос на Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер), кој има 62.6% и Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) кој комбинирано има 61.5% на реализација во обидите за два, односно за три поени.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Мајрон Гордон (Кожув) 9 250 27.7
2.Дарел Френклин (Чаир 2030) 8 186 23.2
3.Камерон Форте (Работнички) 7 162 23.1
4.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022) 11 252 22.9
5.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 9 200 22.2
СКОКОВИ
1.Камерон Форте (Работнички) 7 82 11.7
2.Гиорги Корсантиа (Гостивар) 11 128 11.6
3.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 9 100 11.1
4.Амар Хот (Феникс 2010) 11 102 9.2
5.Недим Мустафица (Пелистер) 11 96 8.7
АСИСТЕНЦИИ
1.Марјан Младеновиќ (Еуро Никел 2005) 11 66 6.0
2.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 11 65 5.9
3.Ерик Нотиџ (Работнички) 10 54 5.4
4.Мајкл Кефи (МЗТ Скопје Аеродром) 10 53 5.3
5.Бобан Стајиќ (Пелистер) 10 52 5.2
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Камерон Форте (Работнички) 7 29 4.1
2.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 11 42 3.8
3.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022) 11 42 3.8
4.Бобан Стајиќ (Пелистер) 10 38 3.8
5.Пол Џексон (Работнички) 6 20 3.3
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Ерик Нотиџ (Работнички) 10 27 2.7
2.Донтај Карутерс (Пелистер) 11 27 2.4
3.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 11 26 2.3
4.Бобан Стајиќ (Пелистер) 10 23 2.3
5.Камерон Форте (Работнички) 7 16 2.2
БЛОКАДИ
1.Тревор Бунч (Чаир 2030) 6 11 1.8
2.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје А) 11 16 1.4
3.Трент Батрик (ТФТ) 11 14 1.2
4.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 9 10 1.1
5.Гиорги Корсантиа (Гостивар) 11 11 1.0
МИНУТИ
1.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 11 393:47 35:47
2.Мајрон Гордон (Кожув) 9 320:58 35:39
3.Марјан Јанески (Куманово 2009) 11 388:28 35:18
4.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022) 11 385:47 35:04
5.Ранко Мамузиќ (Струмица 2022) 11 384:14 34:55
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Виктор Ефремовски (Гостивар) 11 91.8%
2.Максим Митевски (Гостивар) 11 88.6%
2.Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) 9 87.7%
4.Никола Малешевиќ (Работнички) 5 84.6%
5.Габриел Коскоски (Навико Академија ФМП) 11 83.6%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) 10 75.6%
2.Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) 9 69.6%
3.Донтај Карутерс (Пелистер) 11 68.4%
4.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 9 64.5%
5.Никола Малешевиќ (Работнички) 5 64.1%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Никола Малешевиќ (Работнички) 5 53.3%
2.Кени Карпентер (Пелистер) 9 51.2%
3.Чендлер Џонс (Навико Академија ФМП) 11 50.0%
4.Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) 9 48.5%
5.Дамјан Робев (МЗТ Скопје Аеродром) 11 47.0%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО
1.Камерон Форте (Работнички) 7 63.6%
2.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) 10 62.6%
3.Светозар Стаменковиќ (Струмица) 9 61.5%
4. Никола Малешевиќ (Работнички) 5 61.1%
5.Донтај Карутерс (Пелистер) 11 60.0%