Мајрон Гордон беше најефикасниот играч на дуелот во кој неговиот тим Кожув знаеше да го најде патот до победата, и да биде подобар од Навико Академија ФМП во ретко ефиксните (108:103).
Американскиот бек го задржа својот висок просек од 27.7 поени по натпревар.
Но тоа не може да се констатира и во случајот на Стефан Крстајиќ.
Една „нестандардно“ добра игра, онаа на гостувањето во Кавадарци, го чини првиот поентер на Струмица 2022, пад во неколку индивидуални статистички категории.
Во прв ред онаа кај најдобрите стрелци, каде сега е на 5. место со просечни 22.поени, зад Камерон Форте (Работнички), и двоецот на Чаир 2030: Јусуф Мохамед-Дарел Френклин.
Српскиот интернационалец е и играч со најголем број на загубени топки (по 3.8), колку што има и Бобан Стајиќ (Пелистер), кој поради повреда го прескокна ова 12.коло.
Камерон Форте имаше висок дабл-дабл ефект во поразот на Работнички против Феникс 2010 (19.поени и 19.скока), но тој му е доволен да ги задржи високите позици во најважните статистички колони.
Со просек од 12.6 скока, засега е лидер кај скокачите, а со 22.6 поени по натпревар силното крило на „црвено-белите“ е втор стрелец во Првата лига.
Освен тоа е втор најдобар реализатор од поле, на осумте одиграни мечеви досега има 62 % на успешност.
Марјан Младеновиќ од Еуро Никел 2005 останува најдобар асистент, со просечни шест успешни додавања по натпревар, иако неговиот клупски соиграч, Дарко Соколов имаше дури 12. на средбата со Струмица 2022.
Освен што е прв стрелец, Мајрон Гордон е и играч со најголем просек на одиграни минути во досегашниот дел од сезоната, има 35:51 минути по меч, нешто повеќе во однос на Марјан Јанески (Куманово 2009) со 35:41 минути.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Мајрон Гордон (Кожув) 10 277 27.7
2.Камерон Форте (Работнички) 8 181 22.6
3.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 10 226 22.6
4.Дарел Френклин (Чаир 2030) 9 203 22.5
5.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022) 12 264 22.0
СКОКОВИ
1.Камерон Форте (Работнички) 8 101 12.6
2.Гиорги Корсантиа (Гостивар) 11 128 11.6
3.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 1 110 11.0
4.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 11 101 9.1
5.Амар Хот (Феникс 2010) 12 109 9.0
АСИСТЕНЦИИ
1.Марјан Младеновиќ (Еуро Никел 2005) 12 72 6.0
2.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 12 65 5.4
3.Ерик Нотиџ (Работнички) 10 54 5.4
4.Бобан Стајиќ (Пелистер) 10 52 5.2
5.Мајкл Кефи (МЗТ Скопје Аеродром) 11 57 5.1
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022) 12 46 3.8
2.Бобан Стајиќ (Пелистер) 10 38 3.8
3.Камерон Форте (Работнички) 8 30 3.7
4.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 12 42 3.5
5.Пол Џексон (Работнички) 7 23 3.2
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Ерик Нотиџ (Работнички) 10 27 2.7
2.Донтај Карутерс (Пелистер) 12 28 2.3
3.Бобан Стајиќ (Пелистер) 10 23 2.3
4.Камерон Форте (Работнички) 8 18 2.2
5.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 12 26 2.1
БЛОКАДИ
1.Трент Батрик (ТФТ) 11 14 1.2
2.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 10 11 1.1
3.Гиорги Корсантиа (Гостивар) 11 11 1.0
4.Чендлер Џонс (Навико Академија ФМП) 12 10 0.8
5.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 11 9 0.8
МИНУТИ
1.Мајрон Гордон (Кожув) 10 358:37 35:51
2.Марјан Јанески (Куманово 2009) 12 428:14 35:41
3.Рамо Ризвиќ (Кожув) 6 210:20 35:30
4.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022) 12 419:35 34:57
5.Ранко Мамузиќ (Струмица 2022) 12 419:34 34:57
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Рамо Ризвиќ (Кожув) 6 100%
2.Виктор Ефремовски (Гостивар) 12 90.4%
3.Максим Митевски (Гостивар) 11 88.6%
4.Никола Малешевиќ (Работнички) 5 84.6%
5.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022) 12 82.9%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) 11 73.1%
2.Донтај Карутерс (Пелистер) 12 68.4%
3.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 10 64.7%
4.Марјан Јанески (Куманово 2009) 12 62.7%
5.Камерон Форте (Работнички) 8 62.0%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Филип Бакоч (Работнички) 11 55.5%
2.Страхиња Миќовиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 9 51.4%
3.Кени Карпентер (Пелистер) 10 51.0%
3.Чендлер Џонс (Навико Академија ФМП) 12 50.0%
5.Никола Малешевиќ (Работнички) 6 45.0%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО
1.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) 11 62.2%
2.Камерон Форте (Работнички) 8 62.0%
3.Донтај Карутерс (Пелистер) 12 60.6%
4. Страхил Николов (ТФТ) 11 58.9%
5.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 10 57.5%