ФОТО: Амар Хот (Феникс 2010) е во врвот на листата на најдобри скокачи во лигата
Нема многу промени во изгледот на листите на најдобрите индивидуални остварувања по одиграното 14 коло од Првата лига.
Водечката петорка, онаа поентерската останува на своите места, со забелешка дека првиот меѓу најдобрите, Мајрон Гордон, го поправи својот просек, и сега е на 28 поени по натпревар. Доста „подалеку“ во однос на Дарел Френклин (Чаир 2030) со 22.9, односно Камерон Форте (Работнички) кој има нешто пониски 22.3.
Силното крило на Работнички е на делба на првото место кај скокачите, заедно со Георги Корсантиа (Гостивар), имаа просечни 12 скока по меч, пред уште еден играч на Чаир 2030, Јусуф Мохамед кој е на 10.8.
Промена има на листата на најдобри асистенти, на кој „се проби“ токму Мајрон Гордон. Американецот во редовите на Кожув е втор, со просек од 5.4 успешни додавања. Лидер во оваа категорија останува Марјан Младеновиќ (Еуро Никел 2005) кој е на 6.2 асистенции.
Гордон дојде и на второто место на листата на играчи со најголем број на одиграни минути. Во просек игра по 35:08 минути, што е нешто помалку во однос на водечкиот Стефан Крстајиќ од Струмица 2022 кој има 35:58 минути.
Во оној процентуален дел, уште еден играч од Кожув, Рамо Ризвиќ, има најдобра реализација, но во обидите кои вредат по еден поен, погодува со 98% на успешност. Со оглед дека не ги одигра последните три натпревари, Сеад Хаџифејзовиќ останува најдобар реализатор од поле, односно во обидите за два поени (73.1%), а и покрај лошата реализаторска вечер во дербито, Филип Бакоч (Работнички) има највисок процент на реализација за три поени (точно 50%).
Хаџифејзовиќ е втор во вкупниот збир на обидите од поле, затоа што непто подобар е процентот накамерн Форте, кој од дистанца погодува со 64% на успешност.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Мајрон Гордон (Кожув) 12 3336 28.0
2.Дарел Френклин (Чаир 2030) 11 252 22.9
3.Камерон Форте (Работнички) 10 223 22.3
4.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 11 244 22.1
5.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022) 14 300 21.4
СКОКОВИ
1.Камерон Форте (Работнички) 10 120 12.0
2.Гиорги Корсантиа (Гостивар) 13 156 12.0
3.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 11 119 10.8
4.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 13 121 9.3
5.Амар Хот (Феникс 2010) 14 130 9.2
АСИСТЕНЦИИ
1.Марјан Младеновиќ (Еуро Никел 2005) 14 87 6.2
2. Мајрон Гордон (Кожув) 12 65 5.4
3.Бобан Стајиќ (Пелистер) 10 52 5.2
4.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 14 72 5.1
5.Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) 14 70 5.0
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022) 14 55 3.9
2.Камерон Форте (Работнички) 10 38 3.8
3.Бобан Стајиќ (Пелистер) 10 38 3.8
4.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 13 46 3.5
5.Јусуф Мохамед ( (Чаир 2030) 11 38 3.4
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Ерик Нотиџ (Работнички) 12 32 2.6
2.Донтај Карутерс (Пелистер) 14 37 2.6
3.Гиорги Корсантиа (Гостивар) 13 31 2.3
4.Бобан Стајиќ (Пелистер) 10 23 2.3
5.Мајрон Гордон (Кожув) 12 25 2.0
БЛОКАДИ
1.Трент Батрик (ТФТ) 13 16 1.2
2.Гиорги Корсантиа (Гостивар) 13 14 1.0
3.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 11 11 1.0
4.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 13 12 0.9
5.Страхиња Миќовиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 10 9 0.9
МИНУТИ
1.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022) 13 498:54 35:38
2.Мајрон Гордон (Кожув) 12 421:46 35:08
3.Ранко Мамузиќ (Струмица 2022) 14 491:10 35:40
4.Марјан Јанески (Куманово 2009) 14 489:10 34:56
5.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 14 478:26 34:10
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Рамо Ризвиќ (Кожув) 8 98%
2.Виктор Ефремовски (Гостивар) 14 91.1%
3.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022) 14 84.0%
4.Габриел Коскоски (Навико Академија ФМП) 12 82.1%
5.Никола Малешевиќ (Работнички) 8 82.0%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) 11 73.1%
2.Донтај Карутерс (Пелистер) 14 68.1%
3.Никола Малешевиќ (Работнички) 8 64.0%
4.Камерон Форте (Работнички) 10 64.0%
5.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 11 64.0%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Филип Бакоч (Работнички) 13 50.0%
2.Страхиња Миќовиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 10 50.0%
3.Кени Карпентер (Пелистер) 12 49.1%
4.Чендлер Џонс (Навико Академија ФМП) 14 44.6%
5.Никола Малешевиќ (Работнички) 8 42.8%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО
1.Камерон Форте (Работнички) 10 64.0%
2.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) 11 62.2%
3.Донтај Карутерс (Пелистер) 14 60.5%
4.Никола Малешевиќ (Работнички) 8 57.6%
5. Страхил Николов (ТФТ) 13 57.2%