22.01.2024

Одличните индивидуални изданија на двоецот од Феникс 2010, ги става место понапред на табелите на поединечни постигнувања

ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 14. КОЛО: Чекор понапред за Трајковски и Рис...

По пауза од скоро еден месец, продолжија натпреварите од нашата елитна конкуренција. Извесно доста измени, пред се во оној странски сегмент. Паузата донесе заминувања на некои играчи кои беа на челните позиции во оној статистички, индивидуален пресек. Дел од Првата лига веќе не се Диванте Мофит (Чаир 2030) кој беше лидер на стрелците, но и Омотао Огундиран (Навико Академија ФМП), кој беше неговиот прв пратител на листата на поентерите. Но и Брајант Бернард (Охрид), Малком Бернард (Пелистер), кои исто така одлучија да не продолжат со играње во Македонија.

Можеби тој момент на отсутност може да го искористи Џозеф Рис, кој уште на почетокот покажа дека можеби се враќа на оние првични индивидуални изданија, од почетокот на сезоната, кога беше носител на играта на Феникс 2010.

Со двојниот ефект против „лавовите“ од Кисела Вода, Рис е втор стрелец во оваа конкуренција, зад Тајр Корбет од Чаир 2030 кој не играше на премиерниот меч во 2024 година против Работнички. Крилниот центар на Феникс 2010 е на просек од 18.6 поени, додека Корбет остана на повисоки 21.2 поени.

Напредок на оваа листа бележат и Џејлен Инграм (Гостивар), кој го покачи својот просек на 27.4, но и Маск Смит Мексвејн (Еуро Никел 2005) кој имаше 16.9 поени.

Скок, но на листата на најдобрите скокачи забележува и Тајрон Лајонс од Охрид, кој е втор на листата со просечни 10.4 скока, пред Рис (Феникс 2010) кој има 9.7, и Роберт Рикиќ (Работнички) со 9.2 скока по меч.

Она што е исто така впечатливо е и податокот кој вели дека Бојан Трајковски (Феникс 2010) е втор асистент во Првата лига. Екс-репрезенттивецот има просек од 5.62 асистенции што е за нијанса послабо од ефектот на Андреј Магдевски (Пелистер) кој има 5.67 успешни додавања.

ТОП 5

ПОЕНИ

1.*Деванте Мофит (Чаир 2030)          13       298     22.9

2.*Омотао Огундиран (Н.Академија ФМП) 10       214     21.4

3.Тајр Корбет (Чаир 2030)         13       276     21.2

4.Џозеф Рис (Феникс 2010)14 261     18.6

5.Џејлен Инграм (Гостивар)     13       227     17.4  

СКОКОВИ

1.Тајр Корбет (Чаир 2030)         13       157     12.0

2.Тајрон Лајонс (Охрид) 7          73       10.4

3.Џозеф Рис (Феникс 2010)      14       137     9.7

4.Роберт Рикиќ (Работнички)  14       130     9.2

5.Ајрен Брукс (Н.Академија ФМП)    11       94       8.5

АСИСТЕНЦИИ

1.Андреј Магдевски (Пелистер)         12       68       5.67

2.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     13       73       5.62

3.*Омотао Огундиран (Н.Академија ФМП) 10       53       5.3

4.Бобан Стајиќ (Работнички)   14       74       5.2

5.Деметрик Трајс (Работнички)          14       71       5.0

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.*Омотао Огундиран (Н.Академија ФМП) 10       37       3.7

2.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     13       46       3.5

3.Филип Наков (Вардар)            14       47       3.3

4.*Брајант Бернард (Охрид)    13       42       3.2

5.Хусеин Бајрам (Вардар)         14       44       3.1

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.*Брајант Бернард (Охрид)    13       31       2.3

2.Андреј Магдевски (Пелистер)         12       26       2.1

3.Тајрон Лајонс (Охрид) 7          15       2.1

4.Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје А)           13       23       1.7

5.*Малком Бернард (Пелистер)         10       16       1.6

БЛОКАДИ

1.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     13       16       1.2

2.Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје А) 14       17       1.2

3.Душан Хукиќ (Кожув)  13       14       1.0

4.Андреј Маслинко (Пелистер)           14       15       1.0

5.Кристофер Остен (Гостивар) 14       13       0.9

МИНУТИ

1.Тајрон Лајонс (Охрид) 14       243:30          34:47

2.Кристофер Остен (Гостивар) 13       466:45          33:20

3.Ајрен Брукс (Н. Академија ФМП)    11       366:30          33:16

4.Лука Петровски (Н. Академија ФМП)        14       462:11          33:00

5.Тајрис Вилијамс (Гостивар)   9          295:32          32:50

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН

1.Маск Смит Мексвејн (Еуро Никел 2005)  13       84.9%

2.Блажо Митков (Вардар)         14       84.3%

3.*Диванте Мофит (Чаир 2030)          13       82.2%

4.*Брајант Бернард (Охрид)    13       79.6%

5.*Омотао Огундиран (Н.Академија ФМП) 10       79.1%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Кристофер Остен (Гостивар) 14       73.2%

2.Андреј Маслинко (Пелистер)           14       70.0%

3.Роберт Рикиќ (Работнички)  14       68.9%

4.Тајр Корбет (Чаир 2030)         13       67.8%

5.Стефан Глигоријевиќ (Еуро Никел 2005) 14       65.4%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Самаје Џонс (Феникс 2010)  11       46.1%

2.Лука Стојановски (Пелистер)           11       44.1%

3.Димитар Караџовски (Кожув)          13       43.8%

4.Шакур Дениел (Феникс 2010)          14       40.7%

5.Виктор Ефремовски (Работнички)  14       40.2%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО

1.Андреј Маслинко (Пелистер)           14       61.1%

2.Тајр Корбет (Чаир 2030)         13       58.7%

3.Јуре Планиниќ (Пелистер)     10       58.5%

4.Џозеф Рис (Феникс 2010)      14       58.0%

5.*Диванте Мофит (Чаир 2030)          13       55.2%

*- неактивни играчи