Во вистинска смисла на зборот, Мајрон Гордон е вистинско изненадување на стартот на новата натпреварувачка сезона.
Барем во онаа поентерска смисла...
Новиот играч на гевгелиски Кожув оствари неверојатни бројки на почетокот на сезоната. На двата натпревари реализираше вкупно 77.поени. Посебно импресивен беше неговиот настап против екипата на Струмица. Постигна Американецот дури 47. поени, за просек од 38.5 поени.
Далеку пред конкуренцијата, која во уводните кола ја сочинуваат тројца кошаркари со просечни 25.5 поени, Ерик Крафорд (Работнички), Стефан Крстајиќ (Струмица) и Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер), додека Јусуф Мохамед од Чаир 2030 е на точно 22.поени во просек.
ФОТО: Јусуф Мохамед (Чаир 2030) има одлични бројки на почетокот на сезоната во Првата лига
Амар Хот (Феникс 2010) и Гиорги Корсантиа (Гостивар) ја поведоа трката кај скокачите, со просечни 12 скока по натпревар, на истата, со над десет скока на натпревар се и Бојан Трајковски (Феникс 2010) со 11 (на еден меч) и Јусуф Мохамед (Чаир 2030) со десет.
Бобан Стајиќ од Пелистер е прв асистент во лигата, затоа што на првите две средби од шампионатот собра 15. асистенции, или во просек по 7.5, една повеќе од Ерик Нотаге (Работнички), додека пак Албин Рушити (Чаир 2030), Лувејн Пипкинс (Гостивар) и Марјан Младеновиќ (Еуро Никел 2005) имаат по шест.
Најмногу топки засега, губи играчот на Работнички, Ерик Нотаге, дури по шест на меч, пред двоецот на Гостивар Пипкинс-Корсантиа кои се на 5.5.
Најмногу топки пак освои уште еден играч на Пелистер, Донтај Карутерс, со одлични пет по натпревар, а две помалку реализираа, соиграчот од Пелистер, Недим Мустафица, како и Чарлс Фалден (Феникс 2010), Јован Александровски (Чаир 2030) и Били Ајви (МЗТ Скопје Аеродром). Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје Аеродром) е играчот со најголем број на остварени блокади (две по меч), а Лувејн Пипкинс (Гостивар) играч со најмногу минути поминати на теренот, во просек игра по 38:22 минути.
ФОТО: Ерик Крафорд е прво име кај Работнички во уводните две кола од шампионатот
Во оној процентуален дел, Ерик Крафорд од Работнички и Максим Митевски од Гостивар, имаат најдобра реализација во обидите од линијата за слободни фрлања. Ги погодија сите „пенали“ во првите две кола од првенството.
Новиот играч на Струмица, Светозар Стаменковиќ досега има најдобра реализација во обидите за два поени. Погодува со 86.67% на успешност, а одлични бројки има и Јован Александровски (Чаир 2030) со 84.62% и Бојан Трајковски со 77.78%.
Во обидите за три поени, на првите позиции се Георги Зафиров (ТФТ( и Кирил Николовски (Еуро Никел 2005) со 66.67% на успешност, над 50% е и Демонте Бекингем (Феникс 2010) со 53.85%.
Севкупно гледано, Кирил Николовски (Еуро Никел 2005) има најдобар процент од поле, со 70% на успешност. Бојан Трајковски (Феникс 2010) има 68.42% а Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) е на 67.86%.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Мајрон Гордон (Кожув) 2 77 38.5
2.Ерик Крафорд (Работнички) 2 51 25.5
3.Стефан Крстајиќ (Струмица) 2 51 25.5
4.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) 2 51 25.5
5.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 2 44 22.0
СКОКОВИ
1.Амар Хот (Феникс 2010) 2 24 12.0
2.Гиорги Корсантиа (Гостивар) 2 24 12.0
3.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 1 11 11.0
4.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 2 20 10.0
5.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 2 18 9.0
АСИСТЕНЦИИ
1.Бобан Стајиќ (Пелистер) 2 15 7.5
2.Ерик Нотаге (Работнички) 2 13 6.5
3.Арбин Рушити (Чаир 2030) 2 12 6.0
4.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 2 12 6.0
5.Марјан Младеновиќ (Еуро Никел 2005) 2 12 6.0
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Ерик Нотаге (Работнички) 2 12 6.0
2.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 2 11 5.5
3.Гиорги Корсантиа (Гостивар) 2 11 5.5
4.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 1 5 5.0
5.Арбин Рушити (Чаир 2030) 2 9 4.5
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Донтај Карутерс (Пелистер) 2 10 5.0
2.Недим Мустафица (Пелистер) 2 6 3.0
3. Чарлс Фалден (Феникс 2010) 2 6 3.0
4.Јован Александровски (Чаир 2030) 2 6 3.0
5.Били Ајви (МЗТ Скопје А) 2 6 3.0
БЛОКАДИ
1.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје А) 2 4 2.0
2.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 2 3 1.5
3.Ефе Бешок (Струмица) 2 3 1.5
4.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 2 3 1.5
5.Амар Хот (Феникс 2010) 2 2 1.0
МИНУТИ
1.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 2 76:44 38:22
2.Стефан Крстајиќ(Струмица) 2 74:11 37:50
3.Ерик Нотаге (Работнички) 2 71:47 35:53
4.Мајрон Гордон (Кожув) 2 70:44 35:22
5.Ерик Крафорд (Работнички) 2 70:12 35:06
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Ерик Крафорд (Работнички) 2 100.0%
2.Максим Митевски 2 100.0%
3.Стефан Крстајиќ (Струмица) 2 95.45%
4.Виктор Ефремовски (Гостивар) 2 90.91%
5.Мајрон Гордон(Кожув) 2 85.71%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Светозар Стаменковиќ (Струмица) 2 86.6%
2.Јован Александровски (Чаир 2030) 2 84.6%
3.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 1 77.7%
4.Бојан Крстевски (МЗТ Скопје А) 2 75.0%
5.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005) 2 71.4%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА- ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Георги Зафиров (ТФТ) 1 66.67%
2.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005) 2 66.67%
3.Демонте Бекингем (Феникс 2010) 2 53.85%
4.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 2 50.0%
5.Ѓорѓи Георгиевски (Куманово 2009) 2 50.0%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО
1.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005) 2 70.0%
2.Бојан Крстевски (МЗТ Скопје А) 2 68.4%
3.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) 2 67.8%
4.Светозар Стаменковиќ (Струмица) 2 62.5%
5.Мајкл Кефи (МЗТ Скопје А) 2 61.1%