ФОТО: Диванте Мофит (Чаир 2030) е најдобар реализатор во лигата по две одиграни кола
Воведните две кола од новиот шампионат донесоа една малку поразлична слика во однос на онаа која ја имавме во сезоната која е зад нас.
Јасно, ако се знае дека во новата првенствена трка екипите влегоа со голем број на нови играчи, особено странски. И тоа во голем број...
Оттука не е изненадување што водечките позиции во оној индивидуален сегмент, уште од самиот почеток на првенството, ги заземаа странците.
Новиот играч на Чаир 2030, Диванте Мофит ја поведе трката за онаа водечка индивидуална категорија – поентерската. На две средби комплетираше 56. поени, што прави просек од 28.поени.
Нешто повеќе во однос на Брајант Бернард од редовите на Охрид кој во просек реализира по 26.5, пред Лука Петровски (Н. Академија ФМП) кој има 23.
Уште еден играч од Чаир 2030 е на лидерска позиција – онаа скокачката. Тајр Корбет е прв на листата на најдобри скокачи затоа што во просек има(л) по 13.5 скока на првите два натпревари за својот нов тим. Зад него, со просечни десет скока се Милош Врањеш (Еуро Никел 2005) и Џозеф Рис (Феникс 2010).
Во сегментот – асистенции, Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) стартуваше со седум успешни додавања, нешто помалку, има Бобан Стајиќ. Новиот разигрувач на Работнички има 6.5, исто колку и Малком Бернард од Пелистер.
Младиот бек на Н. Академија ФМП, Марко Спасовски направи шест грешки во дебито за новиот свој клуб, додека пак, новото засилување на ТФТ Моцарт, Ленгстон Вертц освои најмногу топки – четири.
Тајр Корбет од Чаир 203 засега одигра најмногу минути, во просек по 38:19 минути на првите два меча. Нешто помалку запишаа Малком Бернад (Пелистер) 37:29, и Андреј Настовски од Н. Академија ФМП, кој има 37:14 минути во просек.
ФОТО: Андреј Маслинко (Пелистер) има најдобра реализација во шутот од поле
Во оној дел на процентите, добар почеток во обидите вредни по три поени имаат Душан Хукиќ и Колин Слејтер од Кожув, односно Душан Танасковиќ од МЗТ Скопје Аеродром. Во оние за два, трката ја поведе Роберт Римиќ (Работнички), кој реализира со 92.8%, Андреј Чадамов (Еуро Никел 2005) е на 83.3% (на еден меч), и Андреј Маслинко (Пелистер) погодува со 80% на успешност.
Во обидите кои се сметаат по три поени, Деандре Томас од Феникс 2010 ги погоди сите свои обиди, Јован Александровски (Чаир 2030) и Марко Пецановски (Гостивар) имаат по 66.6%.
Генерално, кога се зборува за шутот од поле, лидер е репрезентативецот Андреј Маслинко (Плелистер), со просек на реализација од 66.67%, пред Алан Луис (ТФТ Моцарт) кој погодува со 65.22% и Диванте Мофит (Чаир 2030) чиј просек на реализација е 63.3%.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Деванте Мофит (Чаир 2030) 2 56 28.0
2.Брајант Бернард (Пелистер) 2 53 26.5
3.Лука Петровски (Н. Академија ФМП) 2 46 23.0
4.Џелани Симонс (ТФТ Моцарт) 1 22 22.0
5.Малкон Бернард (Охрид) 2 44 22.0
СКОКОВИ
1.Тајр Корбет (Чаир 2030) 2 27 13.5
2.Милош Врањеш (Еуро Никел 2005) 2 20 10.0
3.Џозеф Рис (Феникс 2010) 2 20 10.0
4.Лука Петровски (Н.Академија ФМП) 2 18 9.0
5.Роберт Рикиќ (Работнички) 2 17 8.5
АСИСТЕНЦИИ
1.Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) 1 7 7.0
2.Бобан Стајиќ (Работнички) 2 13 6.5
3.Малком Бернард (Пелистер) 2 13 6.5
4.Јован Александровски (Чаир 2030) 1 6 6.0
5.Филип Наков (Вардар) 2 12 6.0
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Марко Спасовски (Н.Академија ФМП) 1 6 6.0
2.Тајр Корбет (Чаир 2030) 2 9 4.5
3.Алан Луис (ТФТ Моцарт) 2 9 4.5
4.Диванте Мофит (Чаир 2030) 2 7 3.5
5.Виктор Ташовски (ТФТ Моцарт) 2 7 3.5
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Ленгстон Вертц (ТФТ Моцарт) 1 4 4.0
2.Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) 2 6 3.0
3.Андреј Чадамов (Еуро Никел 2005) 1 3 3.0
4.Ангел Стојанов (Вардар) 2 6 3.0
5.Ивица Димчевски (Феникс 2010) 2 5 2.5
БЛОКАДИ
1.Душан Хукиќ (Кожув) 1 3 3.0
2.Тајр Корбет (Чаир 2030) 2 4 2.0
3.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 2 3 1.5
4.Иван Волканоски (Охрид) 2 3 1.5
5.Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 2 3 1.5
МИНУТИ
1.Тајр Корбет (Чаир 2030) 2 76:39 38:19
2.Малком Бернард (Пелистер) 2 74:59 37:29
3.Андреј Настовски (Н.Академија ФМП) 2 74:29 37:14
4.Шакур Дениел (Феникс 2010) 2 74:14 37:07
5.Лука Петровски (Н. Академија ФМП) 2 73:00 36:30
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Душан Хукиќ (Кожув) 1 100.0%
2.Колин Слејтер (Кожув) 2 93.3%
3.Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 2 88.9%
4.Јан Кришнан (Кожув) 2 87.5%
5.Брајант Бернард (Охрид) 2 85.7%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Роберт Рикиќ (Работнички) 2 92.8%
2.Андреј Чадамов (Еуро Никел 2005) 1 83.3%
3.Андреј Маслинко (Пелистер) 2 80.0%
4.Кристофер Остен (Гостивар) 2 78.5%
5.Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром) 2 76.9%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Динадре Томас (Феникс 2010) 1 100.0%
2.Јован Александровски (Чаир 2030) 1 66.6%
3.Марко Пецаноски (Гостивар) 2 66.6%
4.Малком Бернард (Пелистер) 2 55.5%
5.Јан Кришнан (Кожув) 2 50.0%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО
1.Андреј Маслинко (Пелистер) 2 66.6%
2.Алан Луис (ТФТ Моцарт) 2 65.2%
3.Деванте Мофит (Чаир 2030) 2 63.3%
4.Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром) 2 63.1%
5.Џаред Кимброу (Охрид) 2 60.0%