24.04.2023

Заврши регуларниот дел од сезоната, без особени промени на водечките позиции во најсилните категории

ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 22. КОЛО: Гордон е најдобар стрелец, Корсантиа – скокач, а Стајиќ – асистент...

Доволно да се направи и еден завршен пресек на оние индивидуални постигнувања низ натпреварите од Првата лига

Бекот на Кожув, Мајрон Гордон останува прв на листата на стрелците, затоа што на 19. натпревари, реализираше 505 поени, односно во просек по 26.5, и е најдобриот поентер во регуларниот дел од сезоната.

Зад себе ги остави неговиот сонародник од САД, Маск Смит Мексвејн (Навико Академија ФМП) кој имаше одличен втор дел од првенството во кој се искачи на просек од 21.79 поени, втор најдобар скор, со кој го помина стандардно добриот Стефан Крстајиќ (Струмица 2022), кој е на 21.поен по меч.  

ФОТО: Гиорги Корсантиа (Гостивар) е најдобриот во категоријата – скокови.

Гиорги Корсантиа (Гостивар) е најдобриот во категоријата – скокови. Високиот Грузиец оствари 267 скока на вкупно 21. натпревар, или во просек по 12.7 скока. Далеку подобар ефект во однос на Бојан Трајковски (Феникс 2010) кој финишираше со 9.15, и Недим Мустафица (Чаир 2030) кој има за нијанса пониски 9.14.

Бобан Стајиќ одигра уште еден добар натпревар (оној против МЗТ Скопје во Аеродром), во кој подели голем број на асистенции, доволен на крајот да ја потврди лидерската позиција во оваа статистичка категорија.

ФОТО: Бобан Стајиќ (Пелистер) е најдобрито асистент во првата фаза од првенството

Репрезентативниот бек на Пелистер го завршува првиот дел од Првата лига со просек од 6.29 асистенции, реализиран на 17. натпревари, со кој е пред Марјан Младеновиќ (Еуро Никел 2005) со 5.77, и Мајрон Гордон (Кожув) кој има 5.37.

Стефан Крстајиќ од редовите на Струмица 2002 и е играчот кој загубил најголем број на топки. Вкупно 89, на 21. одигран натпревар, што прави просек од 4.24 по меч. Зад него останаа Бојан Стајиќ (Пелистер) со 3.88, односно Бојан Трајковски (Феникс 2010) со 3.25.  

Ерик Нотиџ од Работнички е играчот со најголем број на освоени топки по 22. одиграни кола. На 20. натпревари оствари 55. освоени топки, или во просек по 2.75 по натпревар со кои е пред Донтај Карутерс (Пелистер) со 2.65 односно Домен Братож од Кожув, кој се проби на третото место со 2.36.

Можеби и најтешката статистичка категорија е онаа во која треба да се одбере најдобриот блокер. Во не баш силна конкуренција, Трент Батрик од ТФТ е единствениот кој има просек од една блокада по меч. А нешто под таа бројка е Бојан Трајковски (Феникс 2010) со 0.95 и Гиорги Корсантиа (Гостивар) кој е трет, со нешто пониски 0.91.

Најдобриот стрелец во лигата има и најголем број на одиграни минути во шампионатот. Мајрон Гордон настапил на 19. средби на кои оствари просек од 35:26 минути, нешто повеќе во однос на Стефан Крстајиќ (Струмица 2022) кој има 35:17 и Андреј Митревски (Феникс 2010) со 34:45.

Во оној дел во кој се гледаат процентите, извесно е дека, Рамо Ризвиќ од Кожув е најдобриот реализатор од линијата за слободни фрлања. На 16. натпревари реализирал со 92.6% на успешност, доста подобро во однос на Виктор Ефремовски (Гостивар) кој е на 87.9% и Стефан Крстајиќ (Струмица 2022) со 85.8%.

ФОТО: Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) има најдобра реализација во обидите за два поени

Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) има најдобра реализација во обидите за два поени. Силното крило на тимот од Битола, погодува со 70.5% на 19. одиграни мечеви, со кои е пред Никола Малешевиќ (Работнички), кој погодува со нешто понизок процент, односно 70.2%, и уште еден играч на Пелистер, Донтај Карутерс кој има реализација од 68.1%.

Страхиња Миќовиќ ги прескокна последните мечеви на МЗТ Скопје Аеродром, и остана лидер на тројкашите. Како единствен над 50 проценти на успешност. Поточно силното крило на бранителот на шампионскиот пехар, има 50.98% на оние 15. средби кои ги одигра во досегашниот дел од сезоната. Тоа е подобро во однос на ефектот на Филип Бакоч (Работнички), кој има 48.5%, односно Домен Братож (Кожув) со 44.4%.

Севкупно, најдобра реализација од поле има Донтај Карутерс. Бекот на Пелистер погодува со 60.8% во обидите за два односно за три поени. Зад него е неговиот соиграч Сеад Хаџифејзовиќ со нешто пониски 60%, трет пак е некогашниот „пелистерец“, а сега играч на Работнички, Никола Малешевиќ со 57.5% на успех.

ТОП 5

ПОЕНИ

1.Мајрон Гордон (Кожув)         19       505     26.5

2.Маск Смит Мексвејн (Н. Академија ФМП)          14       305     21.7  

3.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022)  21       441     21.0

4.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     20       397     19.8

5.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер)        19       357     18.7

СКОКОВИ

1.Гиорги Корсантиа (Гостивар)           21       267     12.7

2.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     20       183     9.1

3.Недим Мустафица (Чаир 2030)       22       201     9.1

4.Јуре Планиниќ (Еуро Никел 2005)  22       183     8.3

5.Амар Хот (Феникс 2010)         22       179     8.1

АСИСТЕНЦИИ

1.Бобан Стајиќ (Пелистер)        17       107     6.2

2.Марјан Младеновиќ (Еуро Никел 2005)  22       127     5.7

3.Мајрон Гордон (Кожув)         19       102     5.3

4.Маск Смит Мексвејн (Навико Академија ФМП)            14       72       5.1

5.Ерик Нотиџ (Работнички)      20       101     5.0

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022)  21       89       4.2

2.Бобан Стајиќ (Пелистер)        17       66       3.8

3.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     20       65       3.2

4.Маск Смит Мексвејн (Навико Академија ФМП)            14       41       2.9

5.Дастин Вер (МЗТ Скопје Аеродром)          14       41       2.9

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Ерик Нотиџ (Работнички)      20       55       2.7

2.Донтај Карутерс (Пелистер)  20       53       2.6

3.Домен Братож (Кожув)           11       26       2.3

4.Бобан Стајиќ (Пелистер)        17       36       2.1

5.Мајрон Гордон (Кожув)         19       39       2.0

БЛОКАДИ

1.Трент Батрик (ТФТ Моzzart)  20       20       1.0

2.Гиорги Корсантиа (Гостивар)           20       19       0.9

3.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     20       19       0.9

4.Гиорги Корсантиа (Гостивар)           21       19       0.9

5.Страхиња Миќовиќ (МЗТ Скопје Аеродром)      15       13       0.8

МИНУТИ

1.Мајрон Гордон (Кожув)         19       673:24          35:26

2.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022)  21       741:06          35:17

3.Андреј Митревски (Феникс 2010)  22       764:44          34:45

4.Рамо Ризвиќ (Кожув)   16       527:40          32:58

5.Маск Смит Мексвејн (Н. Академија ФМП)          14       459:49          32:50

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН

1.Рамо Ризвиќ (Кожув)   16       92.6%

2.Виктор Ефремовски (Гостивар)       22       87.9%

3.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022)  21       85.8%

4.Мајрон Гордон (Кожув)         19       80.9%

5.Маск Смит Мексвејн (Навико Академија ФМП)            14       77.6%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер)        19       70.5%

2.Никола Малешевиќ (Работнички)  16       70.2%

3.Донтај Карутерс (Пелистер)  20       68.1%

4.Иван Гавриловиќ (Еуро Никел 2005)         16       64.9%

5.Гиорги Корсантиа (Гостивар)           21       61.3%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Страхиња Миќовиќ (МЗТ Скопје Аеродром)      15       50.9%

2.Филип Бакоч (Работнички)   21       48.5%

3.Домен Братож (Кожув)           11       44.4%

4.Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)     22       43.8%

5.Кени Карпентер (Пелистер)  20       42.9%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО

1.Донтај Карутерс (Пелистер)  20       60.8%

2.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер)        19       60.8%

3.Никола Малешевиќ (Работнички)  16       57.4%

4.Гиорги Корсантиа (Гостивар)           21       54.6%

5.Иван Гавриловиќ (Еуро Никел 2005)         16       52.1%