Колото број 22 беше и последното од регуларниот дел од сезоната во Првата лига. И одлична можност за сумирање на индивидуалните резултати.
Што велат бројките по истекот на оној регуларен дел од сезоната?
Кошаркарот на Гостивар, Тајриз Вилијамс е најдобриот стрелец во нашата елитна конкуренција. Во просек, реализира по 21.1 поен, и е единствениот во онаа ТОП 5 група со 20 и повеќе реализации.
Го следи неговиот тимски колега, Џејлејн Инграм, кој има 19.8, додека третото место го има одличниот Американец од редовите на Еуро Нилел 2005, Маск Смит Мексвејн кој е на 18.3 просешни поени.
Во оној скокачки дел, лидер е Тајрон Лајонс од Охрид, со просечни 10.5 скока на 15.одиграни мечеви во овој дел од првенството, пред Недим Мустафица (Чаир 2030) кој има 8.8, и Роберт Рикиќ од Работнички со 8.7 скока по меч.
Во категоријата асистенти, прво име е уште еден играч од Работнички, Деметрик Трајс, кој ги одигра сите 22.натпревари за „црвено-белите“, собра 124 успешни додавања, односно просек од 5.6 асистенции по натпревар. Нешто подобар скор од оној на Андреј Магдевски (Пелистер), кој има 5.5, и Бојан Трајковски (Феникс 2010) со 4.9 асистенции во просек.
Во останатите статистички категории, репрезентативниот бек на Пелистер, Андреј Магдевски е играчот со најголем број на освоени топки, во просек „краде“ по две на еден натпревар, додека Бојан Трајковски (Феникс 2010) во просек губи најмногу топки, по 3.3.
Тајрон Лајонс од Охрид, е играчот со најголем број на одиграни минути во досегашниот дел од шампионатот. Во просек игра(л) по 35:56 минути, а Кристофер Остен од Гостивар е прв на листата на најдобри блокери. Има просечни 1.2 блокади по меч.
Во оној процентуален дел, нема некои особено големи промени во поредокот.
Играчот на Вардар, Блажо Митков е најдобар реализатор од линијата за слободни фрлања. Реализира со 82.4% во обидите вредни по еден поен.
Кристофер Остен (Гостивар) е најдобар во реализацијата на шутеви за два поени. Силното крило погодува со 71.9% од таа позиција во првата фаза од шампионатот, додека пак најдобар тројкаш е играчот на Работнички, Квинтон Декоузи, кој е на високи 50%. Севкупно гледано, во шутот од поле, лидер е Јуре Планиниќ (Пелистер) со 65.1% на успешност.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Тајриз Вилијамс (Гостивар) 17 359 21.1
2.Џејлен Инграм (Гостивар) 21 416 19.8
3.Маск Смит Мексвејн (Еуро Никел 2005) 21 385 18.3
4.Џозеф Рис (Феникс 2010) 22 386 17.5
5.Јуре Планиниќ (Пелистер) 20 303 16.8
СКОКОВИ
1.Тајрон Лајонс (Охрид) 15 158 10.5
2.Недим Мустафица (Чаир 2030) 21 185 8.8
3.Роберт Рикиќ (Работнички) 22 193 8.7
4.Џозеф Рис (Феникс 2010) 22 188 8.5
5.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 20 156 7.8
АСИСТЕНЦИИ
1.Деметрик Трајс (Работнички) 22 124 5.6
2.Андреј Магдевски (Пелистер) 19 105 5.5
3.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 20 99 4.9
4.Џексон Дубински (Еуро Никел 2005) 22 105 4.7
5.Бобан Стајиќ (Работнички) 22 103 4.6
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 20 67 3.3
2.Џејлен Инграм (Гостивар) 21 67 3.1
3.Филип Наков (Вардар) 22 67 3.0
4.Хусеин Бајрам (Вардар) 22 65 2.9
5.Андреј Магдевски (Пелистер) 19 56 2.9
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Андреј Магдевски (Пелистер) 19 38 2.0
2.Тајрон Лајонс (Охрид) 15 28 1.8
3.Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје А) 18 32 1.7
4.Тајриз Вилијамс (Гостивар) 17 28 1.6
5.Самаје Џонс (Феникс 2010) 19 30 1.5
БЛОКАДИ
1.Кристофер Остен (Гостивар) 21 26 1.2
2.Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје А) 22 25 1.1
3.Марко Баковиќ (МЗТ Скопје А) 19 21 1.1
4.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 20 20 1.0
5.Џејлен Инграм (Гостивар) 21 21 1.0
МИНУТИ
1.Тајрон Лајонс (Охрид) 15 539:08 35:56
2.Тајриз Вилијамс (Гостивар) 17 590:13 34:43
3.Недим Мустафица (Чаир 2030) 21 708:56 33:45
4.Џејлен Инграм (Гостивар) 21 704:56 33:34
5.Кристофер Остен (Гостивар) 21 685:30 32:38
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Блажо Митков (Вардар) 22 82.4%
2.Јуре Планиниќ (Пелистер) 18 72.6%
3.Џозеф Рис (Феникс 2010) 22 69.2%
4.Ваљмир Какруки (Чаир 2030) 15 65.6%
5.Тајрон Лајонс (Охрид) 15 52.1%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Кристофер Остен (Гостивар) 21 72.9%
2.Роберт Рикиќ (Работнички) 22 72.3%
3.Андреј Маслинко (Пелистер) 21 70.3%
4.Јуре Планиниќ (Пелистер) 18 67.0%
5.Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје А.) 22 63.7%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Квентон Декоузи (Работнички) 18 50.0%
2.Шакур Дениел (Феникс 2010) 22 45.1%
3.Димитар Караџовски (Кожув) 21 42.4%
4.Деметрик Трајс (Работнички) 22 41.4%
5.Џексон Дубински (Еуро Никел 2005) 22 40.3%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО
1.Јуре Планиниќ (Пелистер) 18 65.1%
2.Џозеф Рис (Феникс 2010) 22 59.3%
3.Андреј Маслинко (Пелистер) 21 57.7%
4.Ваљмир Какруки (Чаир 2030) 15 56.4%
5.Квентон Декоузи (Работнички) 18 56.1%