Очекувано, неверојатните бројки кои ги реализираше на средбата со Феникс 2010 го донесоа Светозар Стаменковиќ во горните позиции во она индивидуално рангирање по три одиграни кола во Првата лига.
Крилото на струмичани се искачи на второто место на листата на најдобрите стрелци. Има просечни 24.67 поени по натпревар, далеку напред сеуште е Мајрон Гордон (Кожув) кој „падна“ на „само“ 34.67 поени, додека трет е соиграчот на Стаменковиќ од Струмица, Стефан Крстајиќ кој е на просек од 23.поени.
Освен тоа има и страшна реализација во шутот од поле, посебно за два поени. Погодува со неверојатни 90.91% за два и исто така високи 46.15% за три поени.
Или севкупно 74.29% во шутот од поле.
Освен тоа Србинот е на петтото место на листата на играчи со најголем број освоени топки.
На онаа за најдобри скокачи, во водство „премина“ гостиварскиот Грузиец Гиоги Корсантија, со просечни 13.67 скока, со кои го надмина Амар Хот од Феникс 2010, кој има 11.33 и Јусуф Мохамед (Чаир 2030) со 10.67.
Бобан Стајиќ (Пелистер) паузираше во ова коло па остана лидер кај асистентите, со 7.5 додавања на натпревар. Пробив кон врвот имаат Марјан Младеновиќ (Еуро Никел 2005) и Александар Костоски (ТФТ) со по 5.67, веднаш зад Лувејн Пипкинс (Гостивар), кој е втор со 6.67.
Бекот на Работнички, Ерик Нотаге губи најмногу топки, по 5.67, а Донтај Карутерс од Пелистер „краде“ најмногу, по четири на натпревар.
Силното крило на Чаир 2030, Јусуф Мохамед и на Куманово 2009, Душан Јузбашиќ, му се придружија на Самит Јигитоглу (МЗТ Скопје Аеродром) на листата на најдобри блокери (со просек од 1.33 по меч).
А Лувејн Пипкинс (Гостивар) игра најмногу од сите играчи во лигата, барем во трите досега одиграни кола, има 38:16 минути по меч.
Тројца играчи, Демонте Бекингем (Феникс 2010), Ерик Крафорд (Работнички) и Максим Митевски (Гостивар) се со стонастотен ефект во обидите за еден поен.
Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) и Кирил Николовски (Еуро Никел 2005) имаат одлични 50% на успешност во обидите вредни по три поени.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Мајрон Гордон (Кожув) 3 104 34.67
2.Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) 3 74 24.67
3.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022) 3 69 23.00
4.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) 3 68 22.67
5.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 3 68 22.67
СКОКОВИ
1.Гиорги Корсантиа (Гостивар) 3 41 13.6
2.Амар Хот (Феникс 2010) 3 34 11.3
3.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 3 32 10.6
4.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 3 31 10.3
5.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 2 20 10.0
АСИСТЕНЦИИ
1.Бобан Стајиќ (Пелистер) 2 15 7.5
2.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 3 20 6.6
3.Марјан Младеновиќ (Еуро Никел 2005) 3 17 5.6
4.Александар Костоски (ТФТ) 3 17 5.6
5.Ерик Нотаге (Работнички) 3 16 5.3
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Ерик Нотаге (Работнички) 3 17 5.6
2.Закари Овенс (Навико ФМП) 3 15 5.0
3.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 3 15 5.0
4.Гиорги Корсантиа (Гостивар) 3 14 4.6
4.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 1 5 5.0
5.Трент Батрик (ТФТ) 3 13 4.3
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Донтај Карутерс (Пелистер) 3 12 4.0
2.Арсеније Вучковиќ (Гостивар) 2 7 3.5
3.Јован Александровски (Чаир 2030) 2 6 3.0
4.Били Ајви (МЗТ Скопје А) 3 8 2.6
5.Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) 3 8 2.6
БЛОКАДИ
1.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје А) 3 4 1.3
2.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 3 4 1.3
3.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 3 4 1.3
4.Арсеније Вучковиќ (Гостивар) 2 2 1.0
5.Ефе Бешок (Струмица) 3 3 1.0
МИНУТИ
1.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 3 114:48 38:16
2.Стефан Крстајиќ(Струмица) 3 108:52 36:17
3.Мајрон Гордон (Кожув) 3 107:35 35:31
4.Закари Овенс (Навико ФМП) 3 105:46 35:15
5.Андреј Митревски (Феникс 2010) 3 103:25 34:28
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Демонте Бекингем (Феникс 2010) 3 100%
2.Ерик Крафорд (Работнички) 3 100.0%
3.Максим Митевски (Гостивар) 3 100.0%
4.Виктор Ефремовски (Гостивар) 3 94.74%
5.Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) 3 88.89%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) 3 90.91%
2.Јован Александровски (Чаир 2030) 2 84.62%
3.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005) 3 77.27%
3.Џозеф Кортесио (Навико ФМП) 3 72.22%
5.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) 3 69.44%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА- ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Војдан Стојановски (МЗТ Скопје А) 3 50.0%
2.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005) 3 50.0%
3.Даниел Нацевски (Куманово 2009) 3 47.0%
4.Демонте Бекингем (Феникс 2010) 3 46.6%
5.Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) 3 46.1%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО
1.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005) 2 70.0%
2.Бојан Крстевски (МЗТ Скопје А) 2 68.4%
3.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) 2 67.8%
4.Светозар Стаменковиќ (Струмица) 2 62.5%
5.Мајкл Кефи (МЗТ Скопје А) 2 61.1%