ФОТО: Малком Бернард (Пелистер) со стандардно добри игри на почетокот на сезоната
Деванте Мофит, играчот на Чаир 2030 сеуште важи како лидер на стрелците. Но по три одиграни кола во Првата лига, неговата предност е значително намалена во однос на пратителите.
Сега е на просечни 24.6 поени по натпревар, но со далеку помала предност во однос на Лука Петровски (Н. Академија ФМП ) кој е на просек од 23, поени, следени од Џозеф Рис (Феникс 2010) кој има 22.3, и двоецот со исто презиме, Бернард, едниот од Пелистер, другиот од Охрид, кои се на 21.6 поени.
Најкорисниот играч во третот коло, Џозеф Рис се доближи и до челната позиција во оној сегмент наречен – скок. Сега е втор со просечни 10.3 скока, зад уште еден нов играч во лигата, Тајр Корбет (Чаир 2030) кој е на 12.6, а пред Милош Врањеш (Еуро Никел 2005) кој има 9.6.
Од коло во коло напредува и индивидуалниот ефект на Малком Бернард. Новиот член на битолски Пелистер сега е водечки асистент во лигата. Има просек од 5.6 кој го дели со својот тимски колега, Александар Костоски и Бобан Стајиќ (Работнички).
Бернард е и играчот кој губи најмногу топки, во три кола вкупно 12, или во просек по четири, како што има и Филип Наков (Вардар).
Играч со најголем број на освоени топки е Дамјан Стојановски. Капитенот на МЗТ Скопје Аеродром има по 2.6 на меч, нешто повеќе од Ивица Димчевски (Феникс 2010 ) и Ленгстон Верц (ТФТ Моцарт), кои се на 2.5.
Уште еден интересен податок доаѓа од категоријата на играчи со најголем број на минути во игра.
А дури тројца од првите пет, се од редовите на Н.Академија ФМП, Андреј Настовски, Лука Петровски и Димитар Иванов. Сите поминале повеќе од 36.минути во игра во овие воведни мечеви од новата сезона.
Во оној процентуален дел, Душан Хукиќ од Кожув има стонастотен ефект од линијата за слободни фрлања. Роберт Рикиќ, центарот на Работнички, има најдобра реализација во обидите за два поени, од која погодува со 85.7% на успешност, додека пак во обидите вредни по три поени, предначи Малком Бернард од Пелистер кој реализира со 53.3% на успех, пред Ѓорѓе Џелетовиќ (Работнички) кој е на 50%.
Сепак, најдобра реалзиација во обидите од поле има Андреј Маслинко. Репрезентативното крило на Пелистер има процент на реализација од 67.6, пред Алан Луис (ТФТ Моцарт) со 62.9% и Џеред Кимброу (Охрид) со 61.2%.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Деванте Мофит (Чаир 2030) 3 74 24.6
2.Лука Петровски (Н. Академија ФМП) 3 69 23.0
3.Џозеф Рис (Феникс 2010) 3 67 22.3
4.Малком Бернард (Пелистер) 3 65 21.6
5.Брајант Бернард (Охрид) 3 65 21.6
СКОКОВИ
1.Тајр Корбет (Чаир 2030) 3 38 12.6
2.Џозеф Рис (Феникс 2010) 3 31 10.3
3.Милош Врањеш (Еуро Никел 2005) 3 29 9.6
4.Лука Петровски (Н.Академија ФМП) 3 25 8.3
5.Малком Брајант (Пелистер) 3 25 8.3
АСИСТЕНЦИИ
1.Малком Бернард (Пелистер) 3 17 5.6
2.Бобан Стајиќ (Работнички) 3 17 5.6
3.Александар Костоски (Пелистер) 3 17 5.6
4.Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) 2 11 5.5
5.Деметрик Трис (Работнички) 3 16 5.3
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Малком Бернард (Пелистер) 3 12 4.0
2.Филип Наков (Вардар) 3 12 4.0
3.Андреја Атанасов (Вардар) 3 11 3.6
4.Виктор Ташовски (ТФТ Моцарт) 3 11 3.6
5.Драган Абрашев (Н.Академија ФМП) 2 7 3.5
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) 3 8 2.6
2.Ивица Димчевски (Феникс 2010) 2 5 2.5
3.Ленгстон Вертц (ТФТ Моцарт) 2 5 2.5
3.Алан Луис (ТФТ Моцарт) 3 7 2.3
5.Колин Слејтер (Кожув) 3 7 2.3
БЛОКАДИ
1.Тајр Корбет (Чаир 2030) 3 6 2.0
2.Димитар Иванов (Н. Академија ФМП) 3 5 1.6
3.Марко Баковиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 2 3 1.5
4.Душан Хукиќ (Кожув) 2 3 1.5
5.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 3 4 1.3
МИНУТИ
1.Тајр Корбет (Чаир 2030) 3 114:12 38:04
2.Андреј Настовски (Н.Академија ФМП) 3 112:20 37:26
3.Димитар Иванов (Н.Академија ФМП) 3 109:06 36:22
4.Лука Петровски (Н. Академија ФМП) 3 108:56 36:18
5.Малком Бернард (Пелистер) 3 108:30 36:10
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Душан Хукиќ (Кожув) 2 100.0%
2.Колин Слејтер (Кожув) 3 92.3%
3.Блажо Митков (Вардар) 3 88.9%
4.Виктор Златевски (Гостивар) 3 83.3%
5.Малком Бернард (Пелистер) 3 83.3%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Роберт Рикиќ (Работнички) 3 85.7%
2.Кристофер Остен (Гостивар) 3 80.9%
3.Џералд Блекшир (Еуро Никел 2005) 3 78.9%
4.Андреј Маслинко (Пелистер) 3 77.7%
5.Алан Луис (ТФТ Моцарт) 3 70.0%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Малком Бернард (Пелистер) 3 53.3%
1.Ѓорѓе Џелетовиќ (Работнички) 2 50.0%
3.Јан Кришнан (Кожув) 3 46.6%
4.Џексон Дубински (Еуро Никел 2005) 3 46.1%
5.Филип Бакоч (Работнички) 3 45.5%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО
1.Андреј Маслинко (Пелистер) 3 67.6%
2.Алан Луис (ТФТ Моцарт) 3 62.9%
3.Џаред Кимброу (Охрид) 3 61.2%
4.Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 3 59.3%
5.Милош Врањеш (Еуро Никел 2005) 3 59.2%