ФОТО: Донтај Карутерс (Пелистер) има најмногу освоени топки во четири одиграни кола
Мајрон Гордон имаше сосема солидно издание на средбата со Чаир 2030 која неговата екипа ја реши со позитивен резултат. Но со не така високи поентерски бројки како во уводните две кола, па разликата со конкуренцијата сега е значително намалена (сега е на просек од 32.2 поени).
Напред на листата на стрелците се проби токму еден играч од ривалската екипа, Јусуф Мохамед, кој сега е на просек од 24.75 поени, ист каков што има и Сеад Хаџифејзовиќ од Пелистер.
Најкорисниот играч во ова коло, Георги Корсантиа ја зацврсти лидерската скокачка позиција. Сега е на просек од 14.5 скока, пред Јусуф Мохамед (Чаир 2030) со 11.2, и Амар Хот (Феникс 2010) односно Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) со по десет.
Бобан Стајиќ одигра стандардно, кога се однесува бројот на успешни додавања, против Струмица 2022, репрезентативниот бек од редовите на Пелистер направи шест, па сега е на просек од седум асистенции по натпревар.
Ерик Нотаге (Работнички) останува играч со најголем број на загубени топки, по 5.25 на натпревар, а Донтај Карутерс (Пелистер) со освоени, по 3.5.
Самет Јигитоглу од МЗТ Скопје Аеродром останува на првата позиција кај блокерите, со 1.5 блокада по меч, а Лувејн Пипкинс од Гостивар е играч со најголема минутажа во првите четири кола од првенството, затоа што во просек игра неверојатни 38:23 минути по натпревар.
Неговиот соиграч од Гостивар, Виктор Ефремовски е најдобриот реализатор на слободни фрлања, затоа што досега погодува со 95.24% на успех. Пред Ерик Крафорд (Работнички) со 95.0% и Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022), кој е на 92.3%.
Токму Стаменковиќ шутира најдобро за два поени, со неверојатни 85.19%, што секако е доста подобро од Кени Карпентер, новиот играч на Пелистер кој има 78.57% и Александар Штерјов (Кожув) со 76.92%.
На пол-позицијата кај тројкашите сега е Ѓорѓи Зафиров.
Младиот бек на ТФТ реализира со 70% за три поени, пред Кирил Николовски (Еуро Никел 2005) со 58.33% и Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) односно Демонте Бекингем (Феникс 2010), кои се на 50%.
Некогашниот репрезентативец од редовите на кавадаречкиот прволигаш севкупно има најдобар шут од поле, со 69.23% пред Стаменковиќ (Струмица 2022) кој „падна“ на 69.05%, и Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) кој има 67.8% од надворешните позиции.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Мајрон Гордон (Кожув) 4 129 32.2
2.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 4 99 24.7
3.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) 4 99 24.7
4.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022) 4 95 23.7
5.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 4 89 22.2
СКОКОВИ
1.Гиорги Корсантиа (Гостивар) 4 58 14.5
2.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 4 45 11.2
3.Амар Хот (Феникс 2010) 4 40 10.0
4.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 4 40 10.0
5.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 3 29 9.6
АСИСТЕНЦИИ
1.Бобан Стајиќ (Пелистер) 3 21 7.0
2.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 4 26 6.5
3.Ерик Нотаге (Работнички) 4 22 5.5
4.Марјан Младеновиќ (Еуро Никел 2005) 4 22 5.5
5.Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) 4 21 5.2
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Ерик Нотаге (Работнички) 4 21 5.2
2.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 3 13 4.3
3.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022) 4 17 4.2
4.Закари Овенс (Навико ФМП) 4 17 4.2
5.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 4 16 4.0
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Донтај Карутерс (Пелистер) 4 14 3.5
2.Бобан Стајиќ (Пелистер) 3 8 2.6
3.Ери Нотаге (Работнички) 4 10 2.5
4.Андреј Магдевски (МЗТ Скопје А) 4 10 2.5
5.Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) 4 10 2.5
БЛОКАДИ
1.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје А) 4 6 1.5
2.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 4 5 1.2
3.Трент Батрик (ТФТ) 4 4 1.0
4.Максим Митевски (Гостивар) 4 4 1.0
5.Ефе Бешок (Струмица) 4 4 1.0
МИНУТИ
1.Лувејн Пипкинс (Гостивар) 4 153:34 38:23
2.Мајрон Гордон (Кожув) 4 145:52 36:28
3.Ерик Крафорд (Работнички) 4 140:51 35:12
4.Стефан Крстајиќ(Струмица) 4 139:10 34:45
5.Светозар Станковиќ (Струмица 2022) 4 138:30 34:30
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Виктор Ефремовски (Гостивар) 4 95.2%
2.Ерик Крафорд (Работнички) 4 95.0%
3.Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) 4 92.3%
4.Максим Митевски (Гостивар) 4 90.4%
5.Дарел Френклин (Чаир 2030) 2 88.8%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) 4 85.1%
2.Кени Карпентер (Пелистер) 2 78.5%
3.Александар Штерјов (Кожув) 4 76.9%
4.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) 4 75.5%
5.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005) 4 74.0%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА- ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Ѓорѓи Зафиров (ТФТ) 3 70.0%
2.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005) 4 58.3%
3.Војдан Стојановски (МЗТ Скопје А) 3 50.0%
4.Демонте Бекингем (Феникс 2010) 4 50.0%
5.Ерик Крафорд (Работнички) 4 46.1%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО
1.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005) 4 69.2%
2.Светозар Стаменковиќ (Струмица) 4 69.0%
3.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) 4 67.8%
4.Донтај Карутерс (Пелистер) 4 64.5%
5.Недим Мустафица (Пелистер) 4 56.1%