24.10.2023

​​​​​​​Одличниот Американец од редовите на Феникс 2010, е на просек од 25.2 поени

ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 4. КОЛО: Рис го помина Мофит на листата на најдобри стрелци

Константно добрите игри на почетокот од новиот шампионат кои ги прикажува Џозеф Рис се вистинско изненадување, би се рекло и освежување во Првата лига. А потврда плус за неговите одлични изданија добива и преку оние статистички параметри.

Велат дека по четири одуграни натпревари, рлиото на Феникс 2010 сега има просечни 25.2 поени, со кои изби на првото место на листата на најдобрите стрелци. Го надмина ефекткт кој го има(ше) Деванте Мофит (Чаир 2030) кој „падна“ на просечни 23.2 поени.

Засега по четири кола има четворица играчи со просек поголем од 20.поени, покрај американскиот двоец, тука е и Лука Петровски (Н. Академија ФМП), кој има 21.поен по меч, и уште еден Американец кој игра за битолски Пелистер, Малком Бернард со 20.5.

Тајрон Корбет (Чаир 2030) ја зацврсти лидерската позиција кај скокачите, сега е на просек од 12.7 скока, пред, повторно, Џозеф Рис (Феникс 2010), кој е втор скокач во лигата со просечни 11.скока по натпревар.

Одлични настапи во овие четири кола има и Малком Бернард. Бекот на Пелистер е најдобар додавач. Има просек од 5.5 асистенции, нешто поголем од неговиот тимски соиграч, Александар Костоски кој има 5.2. Бернард, за жал, има и најголем број на загубени топки, по 4.2 по натпревар.

Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) останува играч со најголем број на освоени топки – по 2.5 по меч, исто како што има и неговиот некогашен соиграч, Андреј Магдевски, кој сега настапува за Пелистер.

Освен што е трет стрелец во лигата, Лука Петровски (Н. Академија ФМП) е и играч со најголем број на минути поминати на теренот, игра во просек по 35:50 минути на еден натпревар.

Процентуално, Душан Хукиќ (Кожув) останува најдобар реализатор од линијата за слободни фрлања со стонастотен ефект.

Роберт Рикиќ од Работнички има најдобра процент на реализација во обидите вредни по два поени. Погодува со 85.1% на успех, додека пак најдобар тројкаш сега е Даниел Нацевски (Чаир 2030) кој е на 50% на реализација од таа позиција исто колку што има и Џелетовиќ (Работнички) но со два одиграни натпревари во четири кола.

Џозеф Рис е и најдобриот реализатор во обидите до поле. Погодува со 62.7% комбинирано во обидите вредни по два, односно три поени, или како што тоа обично се вели, од дистанца.  

ТОП 5

ПОЕНИ

1.Џозеф Рис (Феникс 2010)      4          101     25.2

2.Деванте Мофит (Чаир 2030) 4          93       23.2

2.Лука Петровски (Н. Академија ФМП)        4          84       21.0  

4.Малком Бернард (Пелистер)           4          82       20.5

5.Тајр Корбет (Чаир 2030)         4          78       19.5

СКОКОВИ

1.Тајр Корбет (Чаир 2030)         4          51       12.7

2.Џозеф Рис (Феникс 2010)      4          44       11.0

3.Џаред Кимброу (Охрид)        4          35       8.7

4.Малком Бернард (Пелистер)           4          33       8.2

5.Милош Врањеш (Еуро Никел 2005)           4          33       8.2

АСИСТЕНЦИИ

1.Малком Бернард (Пелистер)           4          22       5.5

2.Александар Костоски (Пелистер)   4          21       5.2

3.Бобан Стајиќ (Работнички)   4          20       5.0

4.Деметрик Трис (Работнички)           4          19       4.7

5.Дениел Вензант (Еуро Никел 2005)           4          18       4.5

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.Малком Бернард (Пелистер)           4          17       4.2

2.Марко Спасовски (Н.Академија ФМП)     2          8          4.0     

3.Драган Абрашев (Н.Академија ФМП)       2          7          3.5

4.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     4          13       3.2

5.Филип Наков (Вардар)            4          13       3.2

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)     4          10       2.5

2.Андреј Магдевски (Пелистер)         2          5          2.5

3.Колин Слејтер (Кожув)           4          9          2.2

4.Џозеф Рис (Феникс 2010)      4          9          2.2

5.Ивица Димчевски (Феникс 2010)   3          6          2.0

БЛОКАДИ

1.Тајр Корбет (Чаир 2030)         4          7          1.7

2.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     4          6          1.5

3.Марко Баковиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 2          3          1.5

4.Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје Аеродром)       4          6          1.5

4.Душан Хукиќ (Кожув)  3          4          1.3

МИНУТИ

1.Лука Петровски (Н. Академија ФМП)        4          143:23          35:50

2.Малком Бернард (Пелистер)           4          141:44          35:26

3.Андреј Настовски (Н.Академија ФМП)     4          141:07          35:16

4.Димитар Иванов (Н.Академија ФМП)      4          140:28          35:07

5.Кристофер Остен (Гостивар) 4          137:08          34:17

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН

1.Душан Хукиќ (Кожув)  3          100.0%

2.Виктор Златевски (Гостивар) 4          89.4%

3.Малком Бернард (Пелистер)           4          86.36%

4.Колин Слејтер (Кожув)           4          85.1%

5.Блажо Митков (Вардар)         4          85.1%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Роберт Рикиќ (Работнички)  4          85.1%

2.Кристофер Остен (Гостивар) 4          84.6%

3.Андреј Маслинко (Пелистер)           4          68.5%

4.Џозеф Рис (Феникс 2010)      4          68.5%

5.Ејасу Ворку (МЗТ Скопје Аеродром)          4          68.0%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Даниел Нацевски (Чаир 2030)         4          50.0%

2.Ѓорѓе Џелетовиќ (Работнички)        2          50.0%

3.Малком Бернард (Пелистер)           4          47.3%

4.Таулант Ибраими (Охрид)     4          44.4%

5.Јан Кришнан (Кожув)  4          44.4%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО

1.Џозеф Форте (Феникс 2010) 4          62.7%

2.Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје Аеродром)       4          61.9%

3.Андреј Маслинко (Пелистер)           4          60.4%

4.Диванте Мофит (Чаир 2030) 4          58.6%

5.Џаред Кимброу (Охрид)        4          57.8%