16.11.2022

Се стеснува кругот на најдобрите реализатори, нов „пад“ на Мајрон Гордон...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 5. КОЛО: „Продор“ на Корсантиа и во другите статистички категории

„Продолженото“ петто коло од Првата лига не донесе некои значителни промени во оние статистички листи на индивидуалните постигнувања.

Евидентен е „падот“ на просекот на водечкиот стрелец, Мајрон Гордон (Кожув), кој „се симна“ на 2.8 поени во просек, па сега доста поблиску до него се и Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер со 23.8), односно Јусуф Мохамед (Чаир 2030) со 23.6. Во првата петорка „влезе“ и Гиорги Корсантиа (Гостивар) со просек од 22.поени.  

Грузиецот од Гостивар останува прв скокач, макар со нешто понизок просек, сега од 13.скока по натпревар, подобар од Јусуф Мохамед (Чаир 2030) кој е на 11.

Промена има на листата на најдобрите додавачи во лигата, во која сега, со просечни 6.8 асистенции, води Лувејн Пипкинс од Гостивар, зад него останува Бобан Стајиќ (Пелистер) со 5.7 и Марјан Младеновиќ (Еуро Никел 2005) со 5.6.

Закари Овенс (Навико Академија ФМП) е лидер на играчи со најголем број на загубени топки (по 4.6 на меч), а Донтај Карутерс (Пелистер) на онаа кои освојуваат најмногу, по три на еден натпревар во просек.

Самет Јигитоглу од МЗТ Скопје Аеродром, останува најдобар блокер. На струмичани им даде три блокади, па сега е на солидни 1.8 блокади на пет одиграни мечеви.

Лувејн Пипкинс од Гостивар во просек игра најмногу, по 36:51 минути на натпревар, нешто повеќе во однос на Мајрон Гордон (Кожув), кој има 36:19, трет е Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) со просечни 34:30 минути.

Процентите, барем оние за еде поен, сега се на страната на најкирснто играч во ова коло, Демонте Бекингем, кој ги погои сите пет досега обиди вреди по еден поен.

Светозар Стаменковиќ не играше во ова коло, па остана лидер на реализаторите за два поени, пред Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер и Александар Штерјов (Кожув).  

Кирил Николовски од Еуро Никел 2005 останува најдобар во шутот за три поени, иако за него, извесно оваа сезона е веќе завршена. Неговите 58.3% ќе останат непроменети, а ќе ги „бркаат“ Чарлс Фалден (Феникс 2010) кој е на 56.5% односно Дупре Мекбраер (ТФТ) со 54.5%.

Истото се однесува и во оној вкупен процент на реализација од поле. Николовски ја заврши сезоната со 69.2% на реализација, пред Стаменковиќ (Струмица 2022) кој има 69%, и Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) со 65.2% на успешност.

ТОП 5

ПОЕНИ

1.Мајрон Гордон (Кожув)         5          144     28.8

2.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер)        5          119     23.8

3.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 5          118     23.6

4.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022)  5          115     23.0

5.Гиорги Корсантиа (Гостивар)           5          110     22.0

СКОКОВИ

1.Гиорги Корсантиа (Гостивар)           5          65       13.0

2.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 5          55       11.0

3.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 5          48       9.6

4.Недим Мустафица (Пелистер)         5          48       9.6

5.Амар Хот (Феникс 2010)         4          40       10.0

АСИСТЕНЦИИ

1.Лувејн Пипкинс (Гостивар)   5          34       6.8

2.Бобан Стајиќ (Пелистер)        4          23       5.7

3.Марјан Младеновиќ (Еуро Никел 2005)  5          28       5.6

4.Ерик Нотаге (Работнички)     5          27       5.4

5.Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) 4          21       5.2

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.Закари Овенс (Навико ФМП)            5          23       4.6

2.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     4          17       4.2

3.Гиорги Корсантиа (Гостивар)           5          21       4.2

4.Ерик Нотаге (Работнички)     5          21       4.2

5.Стефан Крстајиќ (Струмица 2022)  5          20       4.0

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Донтај Карутерс (Пелистер)  5          15       3.0

2.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 5          13       2.6

3.Ерик Нотаге (Работнички)     5          13       2.6

4.Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) 4          10       2.5

5.Андреј Магдевски (МЗТ Скопје А)  5          12       2.4

БЛОКАДИ

1.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје А)       5          9          1.8

2.Трент Батрик (ТФТ)       5          7          1.4

3.Ефе Бешок (Струмица 2022) 5          6          1.2

4.Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 5          6          1.2

5.Гиорги Корсантиа (Гостивар)           5          5          1.0

МИНУТИ

1.Лувејн Пипкинс (Гостивар)   5          184:16          36:51

2.Мајрон Гордон (Кожув)         5          181:37          36:19

3.Светозар Станковиќ (Струмица 2022)       4          138:30          34:30

4.Андреј Митревски (Феникс 2010)  5          171:39          34:19

5.Ерик Нотаге (Работнички)     5          170:26          34:05

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН

1.Демонте Бекингем (Феникс 2010) 5          100.0%

2.Ерик Крафорд (Работнички) 4          95.0%

3.Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) 4          92.3%

4.Максим Митевски (Гостивар)          5          90.4%

5.Виктор Ефремовски (Гостивар)       5          88.8%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022) 4          85.1%

2.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер)        5          75.0%

3.Александар Штерјов (Кожув)          5          74.1%

4.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005)      4          74.0%

5.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     4          73.3%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005)      4          58.3%

2.Чарлс Фолден (Феникс 2010)           5          56.5%

3.Дупре Мекбраер (ТФТ)           3          54.5%

4.Демонте Бекингем (Феникс 2010) 5          47.6%

5.Војдан Стојановски (МЗТ Скопје А)            4          46.1%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО

1.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005)      4          69.2%

2.Светозар Стаменковиќ (Струмица) 4          69.0%

3.Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер)        5          65.2%

4.Донтај Карутерс (Пелистер)  5          64.2%

5.Гиорги Корсантиа (Гостивар)           5          62.8%