Колото број 6 донесе своевиден пад на процентите, но и на просекот на оние играчи кои се водат како најуспешни во најважните статистички категории.
Сепка, своевидан „константа“ држи Андреј Маслинко, барем кога станува збор за оној процентуален дел, односно шутот од дистанца, или оние кои се бројат по два односно по три поени.
Репрзентативното крило во овие шест првенствени кола реализира со 61.4% на успешност во обидите од дистанца, односно оние кои се комбинираат во зависност дали се за два или за три поени.
Тоа е за нешто подобар ефект во однос на уште еден играч кој игра стандардно добро од почетокот на оваа сезона, Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје Аеродром), кој има 59.3%, како и „константата“ на Чаир 2003, а се вика Тајр Корбет, кој има 59%.
Битна промена има и на листата на најдобри реализатори во обидите вреди по три поени. Лидер е најискусниот играч во редовите на Кожув, Димитар Караџовски, кој во овие шест круга погодува со високи 60% од таа позиција зад линијата од 6.75 метри.
Доста интересен момент имаме и во категоријата на најдобри асистенти. На листата во ТОП 5 дури тројца се играчи од екипата на Пелистер. Андреј Магдевски има просечни 5.7, Александар Костоски е на 5, а Малком Бернард во просек асистира по 4.8 пати, што прави збир од 15.5 асистенци на еден меч.
Лидер е уште еден поранешен играч на екипата од Битола, а сега настапува за Работнички - Бобан Стајиќ, кој има просечни 6.1 успешни додавања.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Деванте Мофит (Чаир 2030) 6 143 23.8
2.Џозеф Рис (Феникс 2010)6 136 22.6
3.Омотао Огундиран (Н.Академија ФМП) 3 62 20.6
4.Тајр Корбет (Чаир 2030) 6 121 20.1
5.Лука Петровски (Н. Академија ФМП) 6 115 19.1
СКОКОВИ
1.Тајр Корбет (Чаир 2030) 6 73 12.1
2.Џозеф Рис (Феникс 2010) 6 66 11.0
3.Ајрен Брукс (Н.Академија ФМП) 3 29 9.6
4.Џаред Кимброу (Охрид) 4 35 8.7
5.Роберт Рикиќ (Работнички) 6 51 8.5
АСИСТЕНЦИИ
1.Бобан Стајиќ (Работнички) 6 37 6.1
2.Андреј Магдевски (Пелистер) 4 23 5.7
3.Александар Костоски (Пелистер) 6 30 5.0
4.Малком Бернард (Пелистер) 5 24 4.8
5.Димитрик Трајс (Работнички) 6 28 4.6
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Омотао огундиран (Н.Академија ФМП) 3 14 4.6
2.Малком Бернард (Пелистер) 5 17 4.2
3.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 6 20 3.3
4.Алан Луис (ТФТ Моцарт) 6 20 3.3
5.Хусеин Бајрам (Вардар) 6 19 3.1
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Брајант Бернард (Охрид) 6 15 2.5
2.Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) 6 14 2.3
3.Андреј Магдевски (Пелистер) 4 9 2.2
4.Џозеф Рис (Феникс 2010) 6 11 1.8
5.Маск Смит Мексвејн (Еуро Никел 2005) 6 11 1.8
БЛОКАДИ
1.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 6 10 1.6
2.Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 6 10 1.6
3.Душан Хукиќ (Кожув) 5 8 1.6
4.Тајр Корбет (Чаир 2030) 6 8 1.3
5.Марко Лукановски (Вардар) 6 6 1.0
МИНУТИ
1.Андреј Митревски (Феникс 2010) 3 104:36 34:52
2.Лука Петровски (Н. Академија ФМП) 6 206:42 34:27
3.Андреја Атанасов (Вардар) 6 206:30 34:25
4.Шакур Дениел (Феникс 2010) 6 203:44 33:57
5.Кристофер Остен (Гостивар) 6 202:59 33:49
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Душан Хукиќ (Кожув) 5 95.4%
2.Колин Слејтер (Кожув) 5 86.6%
3.Малком Бернард (Пелистер) 5 86.3%
4.Маск Смит Мексвејн (Еуро Никел 2005) 6 82.3%
5.Блажо Митков (Вардар) 6 82.0%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Кристофер Остен (Гостивар) 6 76.3%
2.Роберт Рикиќ (Работнички) 6 69.5%
3.Тајр Корбет (Чаир 2030) 6 68.2%
4.Андреј Маслинко (Пелистер) 6 68.0%
5.Дејвид Хаутон (ТФТ Моцарт) 6 63.8%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Димитар Караџовски (Кожув) 6 60.0%
2.Малком Бернард (Пелистер) 5 50.0%
3.Даниел Нацевски (Чаир 2030) 6 50.0%
4.Филип Бакоч (Работнички) 6 50.0%
5.Лука Стојановски (Пелистер) 6 48.0%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО
1.Андреј Маслинко (Пелистер) 6 61.4%
2.Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 6 59.3%
3.Тајр Корбет (Чаир 2030) 5 59.0%
4.Џаред Кимброу (Охрид) 4 57.8%
5.Џозеф Рис (Феникс 2010) 5 57.4%